Видео: Шарапова би била и одлична фудбалерка

Една од најдобрите светски тенисерки, Русинката Марија Шарапова ја изненади јавноста и покажа дека одлично се снаоѓа не само со мало тениско топче туку и со фудбал.

Јавноста е запознаена со нејзините врвни способности за тенис, но малку кои можеше да очекува дека популарната Маша може да биде и одлична фудбалерка.

Шарапова денеска во текот на вообичаениот тренинг на Вимблдон изненади со неколку вистински фудбалски потези.

Убавата Русинка покажа дека може да жонглира и со фудбал.

Потврдени 19 нови случаи на коронавирус во Словенија

Во Словенија се потврдени 19 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата порасна на 1.878.

Од моментално активните случаи, 16 се хоспитализирани, а во последните 24 часа не е забележан ниту еден смртен случај, пренесе „СТА“.

Иако болеста во изминатите неколку недели главно се пренесуваше на приватни забави, се чини дека домовите за стари лица повторно стануваат потенцијални жаришта на што укажува и податокот дека двајца штитеници и четворица вработени од домови за стари лица во Словенија се заразени.

До 13 часот во Неготино гласале 33,44 отсто, Демир Капија 31,54, Кавадарци 31,9 отсто од избирачите

Неготино е општината од Тиквешијата во која најголем дел од избирачите излегле да гласаат до 13 часот, односно 33,44 проценти од лицата со право на глас кои се појавиле на избирачките места.

Неготино е општината од Тиквешијата во која најголем дел од избирачите излегле да гласаат до 13 часот, односно 33,44 проценти од лицата со право на глас кои се појавиле на избирачките места.

Демир Капија бележи 31,54 отсто излезеност на предвремените парламентарни избори до 13 часот, а Кавадарци 31,9 проценти. Во Росоман, за овој пресек е евидентирано дека 23,36 отсто од избирачите, го оствариле своето право на глас.

Според претседателите на општинските изборни комисии од овие општини, засега гласањето тече без проблеми и со преземени мерки за превенција и заштита од коронавирус./МИА

Излезноста во Гостивар 16,6 проценти до 13 часот

Според последните податоци до 13:00 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 17.957 граѓани. 

Најголем одѕив има во општина Гостивар, каде вкупниот број избирачи е 79.945, а гласале 13.264, што е приближна излезност од 16,59 отсто.

По селата во подшарпланинскиот регион, во општина Врапчиште на гласање излегле 3.307 граѓани од вкупно запишаните 25.913 со што излезноста е достигна 12,76 отсто.

Во најмалубројната општина која од оваа година е во 5ИЕ Маврово и Ростуше на гласање излегле 1.386 од вкупно 9.996 избрачи што е приближно 13,87 отсто

Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес.

притисни ентер