Видео: Ова е најскапиот кревет на светот!

Изработен е од скапо фурнирано дрво, обложено со монголски кашмир, влакна од опашки на латино-американски коњи и мека свила.

Не е ниту стан, ниту луксузен автомобил, ниту култно уметничко дело, а чини 175 илјади долари.

Британската компанија за мебел „Savoir“ го претстави најскапиот кревет на светот.

Станува збор за таканаречениот „кралски кревет“, за чија изработка се потрошени 700 часа.

Изработен е од скапо фурнирано дрво, обложено со монголски кашмир, влакна од опашки на латино-американски коњи и мека свила.

Експонатот ќе биде изложен во Њујорк, каде што ќе може да се нарача. Компанијата „Savoir“ изработи 60 идентични кревети по повод 60-годишнината од крунисувањето на британската кралица Елизабета.

И покрај високата сума, производителот верува дека тие ќе се продадат како алва.

МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи

Првичните најави се сменија, изгубените часови поради претстојните избори и самитот на ОБСЕ сепак ќе мора да се одработат. 

Основците во мај и јуни, три саботи ќе одат на училиште за да ги исполнат законски утврдените 180 работни денови, велат од МОН, бидејќи во спротивно би се прекршил законот за образование.

18 мај, 1 јуни и 15 јуни, односно секоја втора сабота тој период, основците ќе треба да го одработат загубеното, одлука која предизвика несогласување од страна на СОНК. Тие веќе испратиле и реакција за промена на истата до министерството вели првиот човек на синдикатот Неделков. Тој не гледа ништо спорно во тоа министерот крајот на учебната година да го верифицира со 3 работни дена помалку, наместо да се дискриминираат наставниците... Згора на тоа, вели искуствата покажале дека продуктивноста на учениците би била минимална.

-Под МОН се и средно и високо образование, тие не работат, само основно образование, колегите вработени во основното образование навистина се чувстуваат и дискриминирани од 700.000 работници во државата, само овие 20тина илјади ќе работат. Одејќи во сабота нема да има никаков квалитет, ниту квантитет, ниту учениците ќе дојдат во бројот кој го поседува образованието, апсолутно тоа искуството го кажува и сметаме дека е не продуктивно да се работи во сабота.

Учениците од училиштата каде ќе се спроведува гласање, еден ден пред изборите на 24 април и 8 мај ќе имаат скратени часови кои ќе траат најдоцна до 11 часот. Од сојузот на средношколци кои не се опфатени со законот за работни денови, исто така сметаат дека саботите се бесполезни, а во нивниот случај, веруваат дека професорите имаат начин да се надокнади наставата..

-Саботите не треба да се работат, не се ефективни, сме виделе доста пати дека не се ефективни и дека не се држи настава како што треба да се држи во работните денови кога ја имаме. Среќни сме што средношколците нема да ги работат саботите, но една работа е дека професорите ќе треба да ја стегнат програмата и да ја поврзат повеќе за да можеме и ние да ги имаме ефективни деновите и часовите.- Берин Мухамед – Сојуз на средношколци

Инаку 24 и 8 мај се прогласени за неработни за сите работници на територјата на Македонија. Владата во Информацијата која ја усвои им препорача на приватните работодавци да ги почитуваат заклучоците, за секој граѓанин да може да си го оствари демократското право на глас во избирачката единица во која е регистриран.

Видео: Слоница избега од циркус и се прошета низ град во САД

Слоница избега од циркус во Бјут, Монтана,САД, при што ја пробила оградата и 10 минути се движела низ улиците на градот.

На видеоснимките од безбедносните камери и од очевидци, се гледа како слоницата Виола со доста голема брзина се движи по градот, додека циркускиот тренер оди и трча по неа и се обидува да ја смири и скроти. Дополнителен проблем бил звуците од возилата во близина што го исплашиле големото животно.

Откако малку се смирила, Виола продолжила кон блискиот тревник, каде што нејзините сопственици ја пресретнале со приколка каде што имало уште еден, помал слон - за да ја намамат. Виола потоа мирно влегла во приколката.

Истата вечер, според планираното, слоницата имала точка во циркусот.

Групите за заштита на животните, по повод овие настани, ги критикуваа сопствениците на слоницата, тврдејќи дека „очигледно принудено да настапува во циркусот“, животното сакало да избега од натамошно тормозење. /МИА

Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

Втора година по ред специјализираниот портал за вработување-vrabotuvanje.com ја организира манифестацијата ,,Работодавач на годината’’, на која ги прогласува најдобрите работодавачи и најдобрите практитки имплементирани во полето на човечките ресурси.

Флекс Кредит оваа година доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.

Оваа награда е уште една потврда дека луѓето, вработените ни се секогаш на прво место! Изминатата година имавме голема експанзија и го збогативме тимот за нови 110 вработени со крајна цел: да понудиме добра и квалитетна услуга за нашите клиенти.

Нашите вработени може да се пофалат дека работат во компанија со многу настани, бенефиции, дружења, како и можности за кариерен раст и развој.

Работобарателите пак, не препознаваат по активностите кои ги креиравме кон нашите вработени, како и по можностите за кариерен развој,

2023 година ја започнавме со нашата стратегија за ,,Employer Branding’’ во која го синтетизиравме искуството, идеите и желбите и ги претворивме во реализација, со цел креирање на визија на ,,Работодавач кој претставува прв избор при вработување’’.

Креиравме долгорочна стратегија со точни и прецизни насоки каде сакаме да стигнеме, да привлечеме вработени кои ќе го делат успехот со нас и кои ќе овозможат оддржливост на долг рок, додека истовремено уживаат во секој момент во работењето во Флекс Кредит.

Оваа награда ни е прва и многу значајна и истата ја посветуваме на сите кои веруваа во нас, на нашите колеги, на нашите претпоставени и на нашите семејства - изјави Лилјана Бојковска - Менаџер за човечки ресурси во Флекс Кредит.

притисни ентер