Видео-фото: Том Круз со спектакл во свој стил ги најави следните Олимписки игри во Лос Анџелес

 Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ - Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа.

Глумецот, со своите 62 години, се спушти со јажиња на стадионот за време на подигнувањето на американското знаме и интонирањето на американската химна, што предизвика воодушевување на сметка на земјата со најмногу медали - вкупно 126, од коишто 40 златни.

Том Круз потоа го зеде знамето и со мотор „се упати“ во Лос Анџелес пред да скокне од авион покрај знакот „Холивуд“, во однапред снимена сцена.

Реакциите на интернет сѐ уште траат...

Олимпијадата во 2028 година ќе се одржи токму во Лос Анџелес.

Олимписките игри во Париз се официјално затворени. Вообичаената свеченост на затворањето се одржа на францускиот Национален стадион, со повеќе од 100 танчери, уметници и други изведувачи.

Свеченото затворање го одбележаа и настапите на француските поп-групи, како и претходно подготвените снимки од настапи на американските ѕвезди кои ја најавија следната Олимпијада.

Игра со трагичен крај: Четири деца починале кога се затвориле во замрзнувач

Полицијата во Намибија ја истражува смртта на четири деца кои си играле во празен стар замрзнувач во североисточниот регион Замбези.

Децата на возраст од три до шест години биле пронајдени во неискористен замрзнувач во густо населена област Катима Мулило, јави Би-Би-Си.

Полицијата верува дека децата случајно се заглавиле додека си играле и се задушиле внатре, но допрва треба да се направи конечен извештај.

Од четирите деца, две починале во замрзнувачот, а две во болница.

„Кога дојдов, видов како брза помош им помага на ќерка ми и на уште едно девојче. Брза помош ги однесе во болница“, изјави за The Namibian Арангес Шоро, таткото на децата.

Децата кои биле итно пренесени во блиската државна болница биле прогласени за мртви по пристигнувањето, објави јавниот сервис NBC.

Влетал на роденденската забава на својата ќеркичка и ѝ пукал во лице на нејзината мајка (ВИДЕО)

Маж од Тексас е обвинет дека ја застрелал својата поранешна сопруга во лице пред нивните деца, откако непоканет влетал на роденденската забава на едно од нивните деца.

Јалин Џ. Форман (27) е обвинет за убиството на Џејлен Витлок (25), објави во неделата полицијата во Хјустон. Витлок починала откако била застрелана во лице во нејзиниот дом додека таа и нејзините деца го прославувале роденденот на нејзиното шестгодишно дете, пишува Law&Crime.

Според кривичната пријава, Форман нешто пред 20 часот и 30 минути дошол на вратата од куќата во која живеела Витлок. Тој наводно се обидувал да влезе во куќата за да ѝ даде роденденски подарок на ќерка си, но таа му рекла дека не може да влезе.

Нејзиното момче, со кое била во врска околу една година, се јавил на вратата, а тој и Форман почнале да се расправаат поради претходен инцидент во кој Форман пукал во куќата на Витлок.

Форман „провоцирал и зборувал за тепачка, пукање и ги повикал да излезат надвор и да се тепаат!“, се наведува во извештајот, потоа „станал поагресивен и се вратил во својот камион паркиран пред куќата“. Децата на Витлок „биле заедно на влезот во куќата“.

Додека Форман продолжил да вика, момчето на Витлок отишло во кујната да земе пиштол бидејќи Форман „постојано зборувал за пукање и тепачка“.

Дечкото рекол дека додека се враќал кон вратата Форман отворил оган, се наведува во тужбата. Тој возвратил со оган. Во тој момент, Витлок наводно „го извикал неговото име и ги грабнал децата кои биле близу вратата“.

Откако ја затворил вратата, нејзиното момче видело дека Витлок е застрелана и дека лежи на подот. „Им кажа на децата да се качат горе“, се наведува во тужбата.

Друг сведок, сосед, изјавил на полицијата дека видел маж, подоцна идентификуван како Форман, како вози бел Шевролет, излегол од автомобилот и викал кон куќата пред да „испука најмалку пет истрели“.

„Не се плашам од тебе“, наводно извикал Форман, според очевидци. „Знам каде живееш“, додаде тој.

Наводно, снимката од надзорните камери покажува како бел теренец го напушта местото на настанот, а потоа се враќа неколку моменти подоцна. Друг сведок и рекол на полицијата дека го видел Форман како држи пиштол.

„Повторно викам, излезете, ајде да го завршиме ова“, наводно рекол Форман, според сведоците.

Тој побегнал од местото со бел шевролет.

Во деновите по пукањето, полицијата брзо го идентификувала Формен како осомничен, иако веднаш не го именувале.

„Ние сме уверени, се разбира, дека ќе го најдеме ова лице“, рече полицискиот поручник Р. Вилкенс од Хјустон, според извештаите на филијалата на NBC, KPRC во Хјустон.

„Се надеваме, ако е паметен, ќе се предаде и ќе ни објасни зошто го направил тоа што го направил“, додаде тој.

Полицијата се уште трага по Форман.

Вучиќ како лик од цртан филм ги забавува Србите (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во хумористично видео е претставен како лик од познатиот цртан филм „Црта“ и покажува што изградил и направил за својата земја.

- И сега на работа! Брзо да се изгради пат. Момци, не можам да летам. Што прави оваа дупка овде? Момци закрпете ја оваа дупка што побрзо! Среќна работа. Каде е мојата Панда? Што е ова? Тоа ти е шега. Барав електрична фиат панда од Крагуевац. Така е! Национален стадион, мостови, тунели, фабрики, Белград на вода, Експо. Работиме напорно и ја градиме Србија – изјави Вучиќ во хумористичното видео, објави Ало.

притисни ентер