Видео-Фото: Свечено испратен првиот контингент во мисијата КФОР на Косово

 Македонија, столб на безбедноста и стабилноста во регионот – свечено испратен првиот контингент во мисијата КФОР на Косово.

„Пред нас можеме да ја видиме нашата НАТО Армија, пред нас се 44 мина, посветени мотивирани и храбри припадници на Армијата на Република Македонија кои рамо до рамо, еднакви помеѓу еднаквите ќе го покажат сето она што го знаат и сите оние вештини и знаења пред своите колеги од сојузничките земји во мисијата КФОР", рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната свеченост по повод испраќањето на првата ротација од нашата Армија во рамките на мисијата на НАТО на Косово. Ова е прво наше учество во нова мисија на НАТО по полноправното членство во Алијансата.

На свеченоста на која зедоа учество и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, министерката Шекеринска порача дека Македонија го зазема местото во НАТО како земја која значи мир, безбедност и стабилност на Балканот, додавајќи дека наша обврска е да вложиме во стабилност во нашиот регион, да дадеме придонес за регионалната стабилност, да помогнеме Балканот да биде подобро помирно, по просперитетно место за живеење.

„Покажавме кои се нашите квалитети на многу далечни места. Од сега ќе го покажеме нашето вистинско место и во регионот. Членството во НАТО значи безбедност и стабилност за нас, значи сигурност под колективниот чадор на Алијансата, но ние тоа членство го чувствуваме како голема одговорност", рече Шекеринска.

Ние покажавме дека ги споделуваме истите вредности како и Алијансата уште од 2007 година кога започнавме со логистичка поддршка на оваа НАТО мисија, рече министерката и дополни дека сега на оваа поддршка додаваме нова вредност – нашите припадници, искусни, мотивирани, опремени и подготвени да дадат суштински придонес кон силите на КФОР.

Претседателот Пендаровски, премиерот Заев и министерката Шекеринска им се заблагодарија на припадниците на Армијата за сето она што го покажаа досега во учеството во мировни мисии и претставувањето на нашата татковина во вистинско светло како доверлив и посветен партнер, а сега и сојузник и им порачаа да бидат безбедни, да дадат сè од сега и живи и здрави да се вратат дома по шест месеци.

Првиот контингент се состои од 44 припадници кои ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад. Нашиот придонес ќе продолжи да расте во тек на 2021 година – веќе во следната ротација, планот е бројот на припадници во КФОР да се зголеми на над 60 припадници, а од идното лето заедно со нашиот долгогодишен партнер Националната гарда на Вермонт од САД, надвор од воспоставените ротации придонесот во период од 9 месеци да се зголеми со над 100тина припадници на Армијата. Вкупно од идното лето во мисијата КФОР ќе придонесуваат околу 180 наши војници, подофицери, и офицери.

Почитувани војници и старешини,

Се радувам што ја имам честа да ве поздравам на церемонијата на вашето испраќање како припадници на Армијата на Република Македонија во мисијата предводена од НАТО – КФОР, на Косово.

Вие сте дел од нашата прва ротација во оваа наша прва мисија во која учествуваме по добивањето на статусот полноправна членка во Северноатлантската алијанса и тоа нè прави сите нас особено горди. Ова наше учество во мисија предводена од НАТО е јасен показател за нашата намера да бидеме активен и ангажиран член на Алијансата и за нашата намера да придонесуваме за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Иако сме членкa на НАТО од март годинава, нашиот рејтинг во Алијансата е висок, а заслугата ви припаѓа, пред сè вам, почитувани војници и старешини, затоа што во континуитет покажувате врвна професионалност и целосна посветеност на оваа благородна професија. Затоа, денеска немам ниту најмал сомнеж дека и во претстојната мисија, вие, припадниците на Армијата, ќе ги задржите највисоките стандарди и достојно ќе ја претставувате својата татковина.Мисијата КФОР започна пред 21 година како одговор на огромната воена и хуманитарна криза, и таа мисија донесе мир и безбедност за граѓаните на Косово, но и стабилизација на целиот наш регион. Нашето идно присуство на Косово со 44 војници што ќе биде наше најбројно учество во моментов споредено со останатите контингенти кои ги имаме во Авганистан, Либан и во Босна и Херцеговина доволно зборува за значењето кое ние ѝ го придаваме на оваа мисија. изјави претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање.

Најдено новороденче на аеродром,сите патнички завршиле во притвор (ВИДЕО)

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе.

Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен.

Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот.

Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни.

"Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти", изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП.

По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош.

Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха.

Манекенката Деми Роуз избега од Британија и се сонча на Малдивите (ФОТО)

Кралицата на минијатурните костими за капење, британска манекенка и сензација на Инстаграм, 25-годишната Деми Роуз ужива во топлите зраци на сонцето на Малдивите , откако избега од вечно дождливиот Лондон.

„Полека се навикнувам на островскиот живот“, напиша Деми позирајќи во минијатурно бикини со животински принт, заземајќи стратешка поза (нога пред нога додека стои на прстите) за да изгледа повисоко, а нозете подолги.

Heaven on Earth✨ @lolo_creativ

A post shared by Demi 🌹 (@demirose) on

Сите 15 милиони нејзини следбеници на Инстаграм последниве денови уживаат во објавите на бујната инфлуенсерка Деми Роуз, која се прослави единствено со нејзиниот секси изглед, а влезе во светот на шоу-бизнисот со фактот дека е поранешна девојка на раперот Тајџ, поранешно момче на познатата Кајли Џенер.

- Рајот е состојба на умот! Ве има 15 милиони. Јас сум воодушевена. Никогаш не можев да помислам кога започнав со Инстаграм и кога почнав да позирам на 18 години дека ќе имам таква неверојатна база на обожаватели како што имам сега. Ве ценам и сакам сите. Благодарна сум за вашата поддршка - напиша пресреќната Деми, почестувајќи ги придружниците со фотографии во црно боди од чипка, додека зад неа се гледа бескрајниот океан.

- Вие сте нашиот ангел - е само еден од коментарите на воодушевените обожаватели.

Деми не се обидува да ги сокрие своите бујни облини. Покрај тоа, таа гордо ги покажува во исклучително минијатурните костуми за капење, а понекогаш и без нив.

- Верувам дека сме најубави кога ќе го отфрлиме нашето старо „јас“ и ќе се свртиме кон новото светло - напиша Деми на романтичната фотографија од плажа.

Поголемиот дел од деновите ги поминува на плажа, пловејќи на јахти или релаксирајќи се на отворените базени во одморалиштето Амила на Малдивите, кои се опкружени со природни ресурси и ја кријат од љубопитните погледи.

Таа е секогаш во костим за капење, изложена на сонце, на што му го должи својот тен дури и во средината на есента.

Во сториите на Инстаграм, Деми призна дека овој островски живот ја оставил „без трепки“, алудирајќи дека престанала да става вештачки трепки и дека ужива во годишниот одмор и природата.

Министерот Спасовски е позитивен на коронавирус,има благи симптоми

И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19, напиша на ФБ министерот Оливер Спасовски.

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Чувајте сепорача министерот за внатрешни работи во објавата на Фејсбук.

притисни ентер