Видео: Ерменската армија утрово го употреби рускиот ПВО систем С-300

Утринава е активиран ерменскиот ракетен систем С-300, ракетите од Азербејџан уништени на парчиња.

Армијата на Ерменија по прв пат во конфликтот со Азербејџан во нагорно карабах го употреби моќниот ПВО систем како одбрана од азербејџанското ракетирање.

Ерменската војска ги распоредила руските ПВО системи С-300 за да го заштите територијалниот интегритет на земјата.

Азербејџанската армија синоќа испукала две ракети во правец на ерменскиот град Абовиан кој се наоѓа во близина на главниот град Ереван, но системот С-300 успешно ги пресретнал и уништил ракетите.

Вучиќ на Самитот во Будимпешта: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон целиот Западен Балкан

ЕУ треба да ја промени стратегијата кон целиот Западен Балкан, како и кон Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта дека ЕУ треба да ја промени стратегијата во однос на целиот Западен Балкан, како и Србија, и да донесе стратешки одлуки за прашањата за проширувањето.

„Мислам дека треба да разговараме за стратешки прашања“, нагласи Вучиќ. Тој напомена дека влезот на Романија, Бугарија и некои други земји во ЕУ бил политичка одлука.

„Тоа беше политичка одлука донесена од ЕУ во време кога имаше стратешки одлуки и луѓе кои размислуваа стратешки. Така ние го гледаме. Кажете на некоја држава подобро и оди. Да, но Србија не ни треба. Бидејќи не воведоа санкции кон Русија или поради која било друга причина, не решија дел од нивните проблеми“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија не е единствената со проблеми и дека не ги создала сите свои проблеми сама.

Тој рече дека Србија останува на европскиот пат и е лојален партнер на ЕУ, како и дека на Европа и е потребен стратешки разговор во новите околности.

Почна Самитот на европската политичка заедница

Започна петиот Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта каде присуствува и премиерот Мицкоски, заедно со уште 40-тина шефови на држави, премиери и преставници од ЕУ.

Започна петиот Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта каде присуствува и премиерот Мицкоски, заедно со уште 40-тина шефови на држави, премиери и преставници од ЕУ кои денеска и утре ќе раговараат пред се за случувањата во Украина и на Блискиот Исток. Мицкоски во Будмпешта е придружуван од шефот на дипломатијата Муцунски, а свое излагање ќе има сесијата посветена на економскта сигурност и меѓусебно поврзување, објави на неговиот Фејсбук профил.

На маргините на Самиот во Будимпешта, чиј домаќин е унгарскиот премиер Орбан, засега не е предвидена билатерална средба Мицкоски – Радев, велат од Владата, иако претходно се сопоменуваше можноста Орбан да ги седне на маса со цел надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Тонско – Марија Митева, ПОРТПАРОЛ НА ВЛАДА

Самиот кој се одржува во фудбалската арена „Пушкаш“ во Будимпешта на едно место ги обедни лидерите на Европската Унија и нејзините земји членки, лидерите од Западен Балкан, како и претставници од Велика Британија и Турција како и украинскиот претседател Зеленски. Во Будумпешта допатува и шефот на НАТО Марк Руте. Посакувајќи им плодна дискусија домаќинот Орбан порача дека мора да се изнајде начин за враќање на мирот во Европа.

Пред почеток на Самиот, пак главниот фокус на учесниците беше ставен на изборниот резултат во САД и победата н Доналд Трамп. А челницие на ЕУ ја потврдија и поддршката на Унијата кон Украина.

Освен Украина и Блискиот Исток на дневен ред на Самиот се и миграцијата, глобалната трговија, климатските промени и економската стабилност.

По завршувањето на Самитот на Европската политичка заедница, доцна попладнево во Будимпешта предвидена е и неформална средба на лидерите на ЕУ на која ќе се разговара за нов договор за конкурентност на Унијата.

В.Британија ќе склучи договори со Македонија, Србија и со Косово за сузбивање на имиграцијата

Велика Британија ќе склучи договори со Македонија, Србија и со Косово за сузбивање на имиграцијата

Велика Британија ќе потпише договори со Македонија, Србија и со Косово за спречување на активностите на бандите за шверц на мигранти, соопшти Владата во Лондон.

Целта на тие партнерства, од ист тип како она што Лондон го склучи со Албанија на крајот на 2022 година, е „да се зголеми размената на разузнавачки информации и да се пресретнат криминалните шверцерски банди“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Во 2023 година, речиси 100.000 мигранти поминале низ Западен Балкан, што го прави „важна рута што ја користат оние кои илегално завршуваат во ЕУ или Велика Британија“, се вели во извештајот.

Премиерот Кеир Стармер денеска е на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ, 47 земји) во Унгарија, каде на дневен ред е и нерегуларната имиграција.

притисни ентер