Засега не се познати причините за трагедијата. Повеќе од пет милиони луѓе го користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.
Надвозник се урна во главниот град на Мексико во време кога метро минувало нaд него при што загинаа најмалку 23 луѓе и над 70 се повредени.
Засега не се познати причините за трагедијата. Повеќе од пет милиони луѓе го користат метрото во мексико сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.
Инцидентот се случил во 22 часот и 25 минути. Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, пристигна на местото на несреќата. "пожарникарите, персоналот за јавна безбедност работат. Различни болници служат. Наскоро ќе дадеме повеќе информации", рече таа на својот официјален профил на твитер.
Говорејќи на местото на настанот, шејнбаум рече дека еден автомобил останал заробен под урнатините на надвозникот, но напорите за спасување биле привремено прекинати, бидејќи метрото сè уште виси и нестабилно.
Екипите на службите за итни случаи чекаат да пристигне кран пред да продолжат со напорите за спасување.
Инцидентот се случил на отворен дел од системот за брз транзит. Снимките за надзор покажуваат движење на автомобили и моментот на уривањето.
Сообраќајот со метрото е запрен. На местото на трагедијата се упати и градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум. Речиси 5,5 милиони луѓе користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.