Вицепремиерот Димитров на средба и со грчкиот министер за дигитализација, Пјеракакис

На маргините на 6-от Економски форум Делфи во Атина, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров имаше средба и со грчкиот министер за дигитално управување, Киријакос Пјеракакис.

Соговорниците дискутираа за успешните „дигитални" приказни во двете земји, како и за зајакнување на билатералната соработка во оваа област.

На средбата се разговараше и за предизвиците од ковид пандемијата со кои се соочуваат државите. Димитров ја поздрави клучната улога на Пјеракакис во процесот на имунизација во Грција и упати покана до грчкиот министер за работна посета на Македонија, со што дополнително би се продлабочила билатералната соработка во сферата на дигитализацијата.

Димитров: „Со нашите грчки соседи и пријатели интензивно соработувавме уште од самиот почеток на здравствената криза, со што се потврди потребата од блискост и соработка. Уште еден сегмент каде Грција може да ни помогне е токму дигиталната област, која во времето на пандемијата се покажа како одлучувачка за надминување на предизвиците. Оваа посета која денеска ја договоривме ќе биде можност за споделување на грчките искуства во справување со пандемијата, преку користење на дигитални алатки и процеси.", се наведува во соопштението од кабинетот на Димитров.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 %, поголема за 9% е во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер