Вицепремиерот Битиќи се сретна со амбасадорката на Црна Гора Петровиќ

„Земјите во регионот делат исти предизвици, заеднички да работиме на нивно надминување и подигнување на конкурентноста на регионот“.

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со амбасадорката на Црна Гора во нашата земја, Н.Е. г-а Марија Петровиќ, со која разговараа за заедничките предизвици на земјите од регионот на Западен Балкан, евро интеграциите и унапредувањето на економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека сите земји од регионот, и во периодот пред здравствената и социо - економска криза предизвикана од коронавирусот, но и за време на кризата, се соочуваат со исти или слични предизвици, а за нивно надминување потребна е заедничка соработка и енергична реакција. Со поинтензивна меѓусебна соработка и искористување на конкурентската предност што секоја од земјите од Западен Балкан ја добива со взаемната соработка можеме да го искористиме моментот и посилни да влеземе во пост-ковид периодот, со што земјите од регионот и целиот регион ќе бидат поатрактивен партнер за Европската Унија.

Отворањето на преговори со Европската Унија, беше уште една тема на разговор помеѓу Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Петровиќ. Црна Гора веќе започна преговори за членство со ЕУ, би можеле да се искористат искуствата кои што ги има во овој процес и заеднички да се продолжи на патот кон целосна интеграција на двете земји во ЕУ.

Петровиќ и Битиќ се согласија дека во овој период треба да се работи и на реализација на капиталните инфраструктурни проекти во сите земји во регионот, за да има подобра поврзаност на земјите, што е еден од предусловите за унапредување на економската соработка и подигнување на конкурентноста на целиот регион.

Вицепремиерот Битиќи и црногорската амбасадорка Петровиќ, се заложија на понатамошна соработка во насока на подобра економска соработка помеѓу двете земји, преку креативна и отворена континуирана дискусија.

Кабинет на заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер