Одлуката за типот на санкции се уште не е донесена , а причината е нападот со хемиско орује во Сирија. ,,Ќе разгледаме воведување дополнителни санкции против Русија , а одлуката ќе биде донесена набргу .”изјави портпаролката на Белата Куќа, Сара Сандер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека Москва ги смета санкциите на Вашингтон за економски меѓународен напад и нефер конкуренција , додавајќи дека одговорот на санкциите ќе биде во согласност со Руските интереси. ,,Санкциите против Русија станаа фикс идеја .”рече Песков и нагласи дека се нелегални. Рускиот парламент ќе почне со разгледување на законто , како одговор на санкциите на западните земји , а особено на САД.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 22:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар