Наташа заедно со нејзината сестра и адвокатот била на нотар во Нов Белград  , потпишала документи и набргу се вратила дома. Таа во саботата наутро беше претепана од нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ, кој престојува кај свој пријател . пријателот денеска изјави дека Лука плаче и се покајал за насилството. Тој од судот добил 30 дена забрана за приближување кон неговата сопруга и синот , кој има само два месеца. Наташа, облечена во црно и со очила за сонце , не даваше денеска изјави.
,, Она што до сега го кажав за постапката е се што можам да кажам “, кусо изјави нејзиниот адвокат Немања Вичек.

Лука Лазукиќ ноќта меѓу петокот и саботата дошол пијан дома , а откако Наташа му ги видела пораките на телефонот од друга жена , почнал да ја малтретира и да ја тепа . Наташа со повреди на главата и телото завршила во Ургентниот центар во Белград, каде отишла уште неколку пати поради тоа што преживеала потрес на мозокот.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 18:51
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:28

коментари

остави коментар