Во текот на наредниот период се очекува да пристигне тим експерти кој треба да направат увид и да утврди што треба да се надогради на штипската Филтер станица за да ја прими водата од Хидросистемот „Злетовица“.
- Во делот на комуналната инфраструктура, директор на ЈП „Исар“ веќе е во преговори со нивното здружение за набавка на возила за чистење на смет во Штип, што исто така е една од можностите, тие да бидат набавени преку грант од  Словенија. Што значи дека Словенија е еден од клучните партнери, наши соработници на Македонија, вели Бочварски.
Амбасадорот Јазбец истакна дека на денешната средба разговарале и во делот на економската соработка, образованието, науката, најави дека наредната година во Штип ќе се презентираат и делата на познатата словенечка сликарка Ленка Герловиќ, по повод 100 годишнината од нејзиното раѓање.
- Ленка Герловиќ повеќе години има работено во Македонија и има околу 600 цртежи од Македонија и добар дел од нив се и од Штип. Така да ќе пробаме наредната година да направиме една манифестација, вели Јазбец.
Тој истакна дека наскоро повторно ќе го посети Штип, кога ќе се отвори спомен собата на првиот Претседател на Р.Македонија, Киро Глигоров во новиот Општински Мултимедијален центар.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 16:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар