Тој, според истрагата паднал од балконот на својот стан и немало потреба да се води истрага за насилна смрт. Бородин им подлегнал на повредите во болницата во Екатеринбург, јавуваат Руските медиуми. Тој работел во весникот ,,Нов ден”, каде работел на сторијата за Руските платеници во Сирија , кои биле ангажирани преку приватно воено здружение,,Група Вагнер”.  Редовно пишувал и за корупцијата и за организираниот криминал.

Претставникот на Европското новинарско здружение, Харлем Десир јавно ја повика Русија да спроведе детална истрага за смртта на новинарот Бородин.

Според невладината Агенција за заштита на новинарите со седиште во Њујорк ,од 1992 во Русија се убиени 58 новинари.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 16:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар