Висока државна награда се предава по повод десетгодишнината од прогласувањето на независноста на Косово, објави владината прес-служба.

„Овој орден е за лични заслуги и личен ангажман во поддршка на косово, за заслугите на бугарскиот народ за развојот на пријателските односи меѓу двете земји, за претстојниот состанок во Софија“, рече претседателот на најмладата балканска држава, Хашим Тачи.

„Го прифаќам орденот како знак кон бугарскиот народ, кој страдаше во војната, но отсекогаш ја поддржувал борбата за слобода, независност, демократија, мир и просперитет на целиот регион“, рече премиерот Бојко Борисов, цитиран од бугарска „Нова“.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 14:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар