Во објавата од Кенсингтонска палата стои дека принцот Хари и Меган Маркл  се решиле за седум хуманитарни установи на кои јавноста може да им уплати донации. Тоа воедно ќе биде и свадбениот подарок на секој гостин кој ќе пристигне на нивната венчавка, која ќе се одржи на 19 мај во дворецот Виндзор.
-Принцот Хари и Меган Маркл неизмерно се благодарни на сите подароци кои уште од објавата на свршувачката пристигнуваат на нивната врата, па сите кои ланираат да го сторат истото ги замолиле да размислат за уплата во хуманитарни цели. Двојката одбраа седум хуманитарни организации кои се занимаваат со низа прашања кои им се важни на двајцата, вклучувајќи го  и спортот како и облик на социјално вклучување, охрабрување на жените, зачувување на животната средина, бездомништво, борба против ХИВ и Вооружените сили. Многумина од нив се мали организации, а на двојката и е исклучително мило што можат да помогнат“, пишува во официјалното известување.
Ваквиот чин колку и да е несекојдневен, не е големо изненадување. Познавајќи ја хуманитарната страна на принцот Хари, но и неговата свршеница Меган Маркл вакво нешто и можеше да се очекува. Тие двајца веќе неколку пати нагласија дека заеднички ќе се трудат да го променат светот на подобро и да им помогнат на оние на кои навистина име  потребна помош. 

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 13:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар