„Турската политика во Сирија не е за да биде со некој или против некој. Нашата политика е јасна, станува збор за тоа дека сме на страната на правото и тоа што сметаме дека исправно“ – изјави портпаролот на турската влада, Бекир Боздаг, јавуваат турските медиуми.

Боздаг истакнал дека Турција е против “поддршката на режимот“ (во Сирија) на земјите како Русија, но и против “поддршка на терористичките организации“, вклучувајќи ги и курдските милиции кои ги поддржуваат Вашингтон и другите западни земји во борбата против ИД.

Елисејската палата претходно соопшти дека Макрон сака да ги интензивира “консултациите со Турција со цел постигнување на политичко решение во Сирија“.

Макрон му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на поддршката на заедничката воена акција против целите на режимот во Сирија.

Западните земји го обвинуваат режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад дека на 7 април во Дума спровел напад со хемиско оружје.

Поради тоа силите на САД, Велика Британија и Франција во саботата спроведоа воздушни напади врз воените постројки во Сирија.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 11:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар