Тие агенции во прв план ја истакнуваат победата на кандидат чија партија ја “одбила“ Русија и ја вовела земјата во НАТО.

Агенцијата „АП“ наведува дека Ѓукановиќ победил убедливо и избегнал втор круг на избори, како и тоа дека станува збор за човек кој ја одбил Русија за да ја внесе својата земја во НАТО.

Агенцијата понатаму наведува дека ова се првите избори откако Црна Гора се приклучила во западната воена алијанса и оти биле сметани за тест за Ѓукановиќ, кој ги фаворизира европските интеграции наспроти блиските врски со традиционалниот сојузник Русија.

Како што се наведува, Ѓукановиќ е доминантен политичар и заедно со својата партија владее со Црна Гора скоро 30 години, а за тоа време Ѓукановиќ веќе бил и премиер и претседател.

Се наведува дека своевремено бил најмладиот европски премиер, кога во 1991 година на 29 години бил избран на таа функција.

Се наведува дека тој ја предводел државата која прогласила независност во 2006 година и стоел за барањето државата да се приклучи на НАТО.

„Ројтерс“ пренесува дека на претседателските избори во Црна Гора победил ветеран, проевропскиот политичар Мило Ѓукановиќ, чија партија ја вовела државата во НАТО и ја води во членство во ЕУ.

Агенцијата потсетува дека функцијата претседател е главно церемонијална, но дека се очекува Ѓукановиќ, кој има голема моќ, преку ДПС да влијае на политиката.

Агенцијата „Тасс“ веста за победата на Ѓукановиќ ја пренесе со констатација дека тој ветил оти ќе и овозможи на државата членство во ЕУ до крајот на својот петгодишен мандат.

Руските медиуми наведуваат дека тој е на власт во Црна Гора цели 27 години од 1991 година, а дека до крајот на мандатот би можел да помине 32 години.

Тасс, по должината на владеење, го спореди со лидерот на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој е на власт беше 40 години.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 09:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар