ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА - Конечно Македонија ги отвори границите за своите граѓани, ќе добијат ли двајца Македонци Нобелова награда?

Денес е 28 Август 2020 год.  а ова се најновите и вонредни вести на Канал 5 ТВ ( текстот е фикција/козерија )  

1. Канал 5 ексклузивно дознава дека Македонија оваа година ќе ги номинира Борис Кондарко и Оливер Дерковски за лауреати за Нобеловата награда во областа на економијата.
Имено, нивната фантастична економска теорија на т.н. „математичката нелогичност“ најверојатно ќе им ја донесе првата награда во Стокхолм .
Овие двајца скромни но еминентни членови на Државната Изборна Комисија работеа со својот тим , и ја открија теоријата на т.н. математичка нелогичност.
Кондарко и Деркоски докажаа дека било која просечната вредност истовремено е и максимална, нешто што изминативе 180 год. очигледно беше погрешно применувано во пракса.

На прашање на Канал 5, како дојдоа до ова генијално откритие, Кондарко помалку срамежливо одговори дека сите овие месеци правеле интелектуални тестирања по што сфатиле ако на пр. бројот 2 е најмалата вредност од која се бара просекот, и бројот 2 е и максималната вредност ,тогаш јасно е дека просекот е 2, кој истовремено е и максимална вредност.
На ова се додаде луцидниот и секогаш мистериозно насмеан Деркоски кој продолжи дека потоа се обиделе и со броевите 21, 50 и 60, по што се гушнале , со маски нормално, за да го прослават овој неверојатен успех во економската наука на светско ниво - новата светска тероија на т.н. „математичка нелогичност“

2. На денешната седница на Владата на Македонија, се разговараше на темата дали конечно е време да се отворат границите на нашата земја и од 1ви Септември конечно да започне летната сезона и за нашите граѓани.

За да се дозволи излез од Македонија и влез во друга држава , граѓаните на граница ќе мора да покажат дека имаат во своето возило заштитни маски за надвор но и за во во вода, еден мини базен на надувување, најмалку по 2 чифта нови костими/шорцеви за капење, а ако одат во Грција, на заштитните маски задолжително мора да пишува на англиски „I am from North Macedonia“, а доколку се решат да летуваат на Црно Море во Бугарија, на заштитните маските мора да пишува „Гоце Делчев е Б’лгарин“. Дополнително , доколу се возат во „друштво“, возилата мора да бидат оддалечени најмалку 2-3 метри меѓусебе

3.Вчеравечер се појави нова видео снимка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во која се гледа дека плива во базенот во Карпош без маска и ракавици. Веднаш дојде демант од министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кој изјави дека и оваа снимка е политички монтирана, и додаде дека стилот со кој пливал Мицкоски во базенот, делфин, плус одсјајот од плочките на дното на базенот ,не дозволувале да се забележат и маската и ракавиците кои Мицкоски очигледно ги носел додека пливал

4.И последната вест од оваа седница на Владата, е дека од 1ви Септември се намалува полицискиот час, кој сега ќе трае од доцните 19.45 вечерта, па се до 4.45 наутро наредниот ден.

Ова беа Вестите на Канал 5 Тв од 28 Август 2020 год.

( текстот е фикција/козерија )

Стапуваат во сила дополнителните обврски од ДСА за „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Интернет сајтовите со содржини за забава на возрасни „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“ ќе мора да се усогласат со дополнителни обврски што произлегуваат од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), откако изминуваат четири месеци од нивното назначување за „многу големи онлајн платформи“.

Дополнителните обврски, кои мора да ги почитуваат сите „многу големи онлајн платформи“, односно социјални мрежи, пребарувачи, страници за е-трговија и сајтови кои месечно имаат над 45 милиони корисници од ЕУ, се однесуваат на поднесување извештаи за проценка на ризик до Европската комисијата, воспоставување мерки за справување со системските ризици поврзани со услуги што ги нудат, усогласување со правилата за транспарентност и за емитување рекламите, како и за обезбедување пристап на истражувачите до нивните податоци.

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Целта на Законот за дигитални услуги на ЕУ е да ги натера онлајн платформи да преземат поголема одговорност за обезбедување побезбеден и потранспарентен интернет простор, со тоа што, меѓу останатото, ќе спречат ширење на илегални содржани и ќе ги намалат ризиците по малолетниците.

Општите одредби од Законот за дигитални услуги, покрај за „многу големите онлајн платформи“, од 17 февруари годинава почнаа да важат за сите интернет страници независно од нивната големи. Меѓу овие одредби се и обврските за упатување на известување за соодветност на одредена содржина на возраста на корисниците, забрана за целно таргетирани реклами, пред се насочени кон деца и зголемена транспарентност. /МИА

Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска

Во Салон 19:19 во Скопје вечерва ќе се одржи концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска (1977-1994), која била ученик на пијано и харфа во училиштето „Илија Николовски-Луј”.

На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.

На концертот ќе учествуваат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Соученичката на Рафајловска, Мерсиха Шукри, која е единствената харфистка во земјава во изјава за МИА вели дека целта, меѓудругото, е и да се подигне свеста и поддршката за болните од рак.

- Климентина Рафајловска ни беше соученичка во музичкото училиште. За жал, за кратко време нѐ напушти, се разболе од леукемија. Оваа година се навршуваат 30 години од нејзината смрт. Во таа чест, генерацијата се собравме да одржиме концерт во нејзина чест. Воедно, да ја подигнеме свеста и поддршката за сите заболени од лошата болест, вели Шукри, додавајќи дека животот е непредвидлив и затоа е потребно многу повеќе љубов и разбирање.

Човекот е покршлив од стаклото и многу малку е свесен дека секому може да му се случи, вели Мерсиха Шукри.

Во чест на Рафајловска, од 1995 до 2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други.

Средствата собрани со продажба на билетите и од донаторската кутија, ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници. /МИА

притисни ентер