Финска ги одложува локалните избори поради короната

Финска ќе ги одложи локалните избори следниот месец за средината на јуни, поради зголемениот број случаи на коронавирус, како и дека бројот може да се зголеми по гласањето, изјави министерката за правда Ана-Маја Хенриксон.

Финска е меѓу европските земји кои се најмалку погодени од пандемијата на коронавирус, но властите се во состојба на готовност поради неодамнешното зголемување на бројот на случаи и појавата на нови варијанти на коронавирусот, особено во и околу главниот град Хелсинки.

„Локалните избори закажани за 18 април се одложени за 13 јуни“, рече министерката за правда Ана-Маја Хенриксон, предупредувајќи дека легитимноста на изборите може да биде загрозена доколку премногу луѓе останат дома наместо да одат на избори.

„Ризикот од неуспех на изборите е преголем“, рече Хенриксон на прес-конференција.

Во Финска има 309 општини, и со нив управуваат советите кои ги оданочуваат жителите и се одговорни за услуги како што се здравството и образованието.

Девет од десетте партии што моментално се наоѓаат во финскиот парламент се согласиле да ги одложат локалните избори, а десницата е единствената што го поддржа одржувањето на гласањето следниот месец, како што било планирано.

До денес, Финска забележала 61.552 случаи на инфекција со коронавирус, со 767 смртни случаи, а во моментов 239 лица се хоспитализирани.

Протести во Стокхолм против мерките, повреден еден полицаец (ВИДЕО)

Шведската полиција растури стотици противници на мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, а протестите во главниот град Стокхолм се организирани и покрај забраната за големи собири.

Полицијата го блокира мостот во центарот на градот и на својата веб-страница објави дека преговара со организаторите на митингот, обидувајќи се да издејствува демонстрантите да се растурат без интервенција.

На ТВ-снимките се гледа како полицијата ги растерува и оттурнува некои од демонстрантите, а според полицискиот извештај, еден од нивните членови е полесно повреден и пренесен во болница.

„Полицијата донесе одлука да го запре неовластениот собир што е во тек“, е објавено денеска на веб-страницата на полицијата во Стокхолм.

Претходно оваа недела, организаторот на протестите Филип Сјострем за локалните медиуми изјави дека очекува околу 2.000 луѓе да се приклучат на демонстрациите, објави на Фејсбук.

Според ТВ-снимките, се собрале неколку стотини жители на главниот град, а според шведскиот дневен весник Dagens Nyheter, демонстрантите пристигнале од различни делови на Шведска, земја во која е на сила забраната за јавни собири на повеќе од осум лица.

Нордиската држава, која има 10 милиони жители, вчера регистрира 4.831 нови случаи на инфекција со коронавирус и 26 нови смртни случаи. Досега, вкупно 13.003 лица починале како резултат на ковид во Шведска.

Владата минатиот месец објави дека ќе го скрати работното време на рестораните, баровите и кафулињата и ќе ги заостри мерките поврзани со бројот на купувачи, обидувајќи се да спречи трет бран на пандемијата.

Шведската влада на левиот центар постепено ги заостри ограничувачките мерки од крајот на минатата година, но дотогаш им дозволи на повеќето училишта, ресторани и деловни активности да останат отворени. Почитувањето на предложените мерки во оваа земја е доброволно од самиот почеток.

Херитиџ: Неефикасното судство и надуениот јавен сектор ги ограничуваат економските слободи

Нема зголемување на економските слободи во Македонија.. Според индексот што секоја година го објавува реномираната фондација Херитиџ, главните пречки во земјава и понатаму се неефикасното судство и пренатрупаната јавна администрација..

Македонската економија е делумно слободна, но е подобра во однос на земјите од регионот... во најновиот извештај на фондацијата „Херитиџ“, рангирана на 41то место... Вкупниот резултат е намален за 0,9 поени, во споредба со минатата година, што според фондацијата се должи на „падот на слободата на трговијата.“ детекирани се и слабости во: судството, јавната администрација, но и висок степен на корупција.

За да се сврти курсот кон поголема економска слобода, првиот приоритет на Владата треба да биде реформа во судството, скапиот и надуен јавен сектор и други државни институции. Уставот воспостави независно судство, но тоа страда од непотребна извршна контрола. Потребното финансирање на судовите придонесува за долго и скапо решавање на трговските спорови. Корупцијата останува сериозен проблем. , нотира Херетиџ.

Меѓудругото се вели дека да се започне бизнис сега, чини многу повеќе и вклучува повеќе процедури. Државните субвенции во земјоделството го зголемиле буџетскиот дефицит и го направиле земјоделството помалку ефикасно. Сепак финансискиот систем се развива, а банкарскиот сектор е стабилен.

Херетиџ земјите ги оценува според владеењето на правото, регулаторната ефикасност и отвореност на пазарот. Според фондацијата најголеми економски слободи има во Сингапур, Нов Зеланд, Австралија, а најмали во Куба, Венецуела и Северна Кореја.

притисни ентер