Црвено жолтите со победа, реми и пораз во групата Д против селекциите на Гвинеја, Унгарија и Холандија ја завршија првата фаза на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Пред избраниците на Лазаров е главната мундијалска рунда, која нашиот тим ќе ја игра во за нас среќниот Вараждин во Хрватска.
Пред македонските ракометари се нови три средби. Главната рунда ја стартуваме утре од 15-30 часот против тимот на Австрија, два дена подоцна во истиот термин во Арената Вараждин ќе ги одмерите силите со селекцијата на Катар, а последниот меч во втората рунда го играме во сабота од 20-30 часот против еден од главните фаворити за златото трофејната Франција.
Во трите средби од групата Д македонските ракометри покажаа дека може рамноправно да играат против секој ривал дури и против селекциите од светскиот вврв. Посакуваме во истор светло да ги одиграат и дуелите во главната фаза.
Македонскиот тим предводен од најдобриот стрелец во досегашниот тек на Мундијалот, Филип Кузмановски е подготвен за нови успеси.