Вести на Канал 5 во 18, 21.05.2025 - Канал 5

Сиљановска Давкова: Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

- Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков, да дојде до израз европската креативност.

Сиљановска Давкова: Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на самитот на НАТО во Хаг со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев нема да биде присутен.

Сепак, вели дека средбата се уште не е потврдена бидејќи таа е иницирана од претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

YouTube video

Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење

СВР Штип - ОВР Берово поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово.

Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење

СВР Штип - ОВР Берово поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“.

Пријавениот С.П., сопственик и управител на правното лице од Пехчево, на катастарска парцела во Пехчево во државна соспственост, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект и вршел угостителска дејност.

Пријавениот В.К., сопственик и управител на правното лице од Берово, на катастарска парцела, сопственост на Т.К. и М.К., на земјоделско земјиште, надвор од урбанистички план за град Берово, бесправно изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект во кој вршел угостителска дејност.

ВМРО-ДПМНЕ: Проектите кои се реализираат не се на ВМРО-ДПМНЕ или на СДС

СДС мора да почне да се однесува како сериозна партија, а не како мало дете на кое му ја земале играчката.

ВМРО-ДПМНЕ: Проектите кои се реализираат не се на ВМРО-ДПМНЕ или на СДС

СДС мора да прифати дека проектите кои се реализираат, не се во нивна или наша сопственост, туку за граѓаните и за државата.

Исто така, многу е важно да се напомене дека проектите кои се почнуваат мораат и да се завршат. Е сега, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е во тоа што ние кога работиме и остваруваме, се е во временски рок, јавно и транспарентно, а додека пак СДС, ако отпочне некаков проект, тој проект потоа е корумпиран, со тендери договорени во 4 очи, поскапи цени двојно од набавните, класифицирани договори или пак, проекти кои остануваат така да блеат во празно, и никој за ништо да не одговара.

Проекти кои СДС ги има до крај завршено се, проектот за златната виза на Филипче, пари од ископ на јаглен на фирми на Филипче и Заев, проектите за уништување на Македонија, како што беа името, знамето, идентитетот и Уставот, потпишувањето на Преспанскиот и договорот со Бугарија, проектот Француски предлог и многу други проекти слични на овие.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ вистински работи на реализација на проектите, без разлика која Влада ги започнала и ги решава на брз и ефективен начин во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер