Зголемена фреквенција на граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“, кај Дебар

На граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ кај Дебар, во последните три дена од минатата седмица забележана е зголемена фреквенција.

Преку двата премина минале 7118 патници, од кои на излез 3460, додека на влез 3658 патници.

- Гледано одделно, на преминот „Блато“ на излез се регистрирани 3217 патници, најмногу во сабота или 1287, додека на влез 3418 најмногу во петок 1254 патници. На вториот граничен премин, Џепиште-Требиште, регистрирани се вкупно 483 патници, од кои на излез 243, додека на влез 240 патници, потврдија за МИА од Министертвото за внатрешни работи.

На преминот „Блато“, кој е на оддалеченот од четири километри од Дебар, со пуштањето во употреба на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр), со што оддалеченоста од преминот, до Тирана, се намали од 180 на 70 километри, фреквенцијата е значително зголемена. Така, минатата година за влез и излез беа регистрирани вкупно 310.981 патници.

Граничниот премин кај Џепиште е на 15-тина километри од Дебар, е од локален карактер, па во летниот период работи од 8 до 20 часот и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и областа Голо Брдо на албанска страна. На овој премин лани биле регистрирани 19.352 патници.

Првични податоци за новиот „Галакси“ телефон со преклоп

„Самсунг“ наскоро ќе го претстави паметниот телефон „Галакси Зет флип-6“, па како што и обично се случува, информациите околу спецификациите „протекоа“ пред самиот настан.

Така, првичните податоци говорат дека телефонот ќе има 6,7-инчен „Динамик АМОЛЕД 2x“ екран на преклопување со резолуција од 1.080 x 2.640 пиксели и брзина на освежување од 120 херци. Тука е и надворешниот 3,4-инчен „Супер АМОЛЕД“ екран со резолуција од 720 x 748 пиксели. Уредот се напојува со „Снепдрагон ген 3“ процесор на „Квалком“, а што се однесува до внатрешната меморија, кипувачите ќе може да избираат меѓу 256 и 512 ГБ.

„Галакси флип-6“, се вели, ќе користи главна камера од 50 МП, којашто е вградена и во серијата „Галакси С-24“ и „Галакси Зет фолд-5“. Ултра широката камера од 12 МП е преземена од „Флип-5“. За „селфи“ фотографии, телефонот ќе има и камера од 10 МП.

Телефонот, инаку, според неофицијалните наводи, поддржува „Ви-фи 6Е“, „Блутут 5.3“ и УСБ 3.2. Димензиите му се 165,1 x 71,9 x 6,9 мм при отворање, а тежи 187 грама. Батеријата ќе биде со капацитет од 4.000 мАх.

Цената, како и другите подробности, се чини, официјално ќе бидат познати на 10 јули, кога „Галакси флип-6“ и званично ќе биде претставен, заедно со часовниците „Воч 7“ и „Воч ултра“, како и „паметниот прстен“ наречен „Галакси ринг“.

Анализа на „BBC“: Грчката крајбрежна стража предизвикала смрт на најмалку 43 мигранти

Би-Би-Си објави анализа во која, повикувајќи се на сведоци, тврди дека грчката крајбрежна стража е одговорна за смртта на најмалку 43 мигранти во Средоземното море.

Во период од три години, вклучително и девет кои биле намерно фрлени во водата. Како што се наведува во текстот, станува збор за 15 одделни инциденти со мигранти кои биле протерани од грчките води или вратени во морето откако стигнале до грчките острови. Во пет случаи, мигрантите рекле дека биле фрлени во вода од припадници на грчката крајбрежна стража, додека во други случаи рекле дека биле фатени на грчките острови и вратени во гумени чамци, кои потоа се издишувале или изгледале како да се дупнати. Најужасно сведоштво дал сомалиски мигрант кој за Би-би-Си тврдел дека крајбрежната стража му ги врзала рацете зад грб, а потоа го фрлила во море. Грчката крајбрежна стража категорично ги отфрли сите обвинувања за незаконски активности. Европската комисија денеска соопшти дека очекува Грција да ги провери податоците од сторијата на Би-Би-Си.

притисни ентер