СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и за пописот се на спротивната страна на државните интереси

ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, се наведува во соопштението на СДСМ.

И сега кога пред пратениците во собранието е законот за попис опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски е на спротивната страна на државните и националните интереси.

Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат.

Последниот попис во 2011 година не успеа токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и сега опозициската партија повторно ја политизира оваа важна статистичка операција.

Целосно нејасно е зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се противат на Законот се противат државата да има прецизни статистички податоци, важни за креирање на среднорочни и долгорочни политики и стратегии.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси.

Обезбедувањето на податоците, кои се нужно потребни за рамномерен и правилен економски развој е во интерес на државата и граѓаните и токму затоа оваа операција е патриотски чин.

СДСМ, како одговорна партија има договор со граѓаните да спроведеме попис кој ќе обезбеди точни и релевантни податоци.

Бесплатен ски викенд во битолскиот скијачки центар „Нижо Поле"

Јавното претпријатие „Стрежево" – Битола, кое стопанисува со скијачкиот центар „Нижо Поле" денес и утре за скијачите овозможи бесплатен скијачки викенд.

Скијачките патеки во скијачкиот центар „Нижо Поле" (1.600 м.н.в.) се подготвени за скијање, а на располагање се и три ски лифтови со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 скијачи на час.

– Снег има доволно и скијачките патеки се подготвени за скијање, но нашата прва задача во пресрет на бесплатниот скијачки викенд беше да ги извршиме, и ги извршивме сите подготовки за безбедно скијање и престој на скијачите и рекреативците со почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Викендов имаме посебна редарска служба, ќе предупредуваме за задолжително носење на маски и одржување на дистанца, истакна Методија Граматковски, генереален директор на ЈП „Стрежево" – Битола.

Скијачкиот центар „Нижо Поле" кој се наоѓа над истоименото населено место на планината Баба ќе овозможи и ноќно скијање доколку тоа го дозволат временските услови, најавија од ЈП „Стрежево". /МИА

Активни се 16231 случај со Ковид-19, расте бројот на оздравени пациенти

До вчера во земјава беа регистриарни 16231 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број – 9985 се од Скопје. 

На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 700 позитивни или суспектни пациенти на коронавирусот, од кои 300 се во Скопје, а има околу 560 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Според вчера објавените податоци на Министерството за здравство во претходните 24 часа, во државава се регистрирани 403 нови случаи на Ковид-19 од направени 2118 тестирања, од кои 165 во Скопје, починала 10 лица, а оздравеле 339 пациенти.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 88389, бројката на оздравени пациенти е 69476, а на починати е 2682.

Од понеделник, како што најави Министерството за здравство, во скопските поликлиники „Јане Сандански", „Бит Пазар" и „Драчево", пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП, кои се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите.

Во трите поликлиники, кои се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на таа здравствена услуга, од следната недела ќе има посебен план. Лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во темини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.

– Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид – центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена услуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување, изјави директорот на Здравствениот дом Скопје, д-р Виктор Исјановски.

Во очекување на пристугнувањето на првите антиковид вакзини во земјава и стартот на вакцинацијата на населението, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус вчера повика на спроведување кампањи за вакцинација за Ковид-19 во сите држави во светот во следните 100 дена.

– Сакам да видам спроведување вакцинација во секоја држава во следните 100 дена, така што здравствените работници и оние со висок ризик први ќе бидат заштитени, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

Во исто време, СЗО вчера испрати апел до државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

– Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапни, препорача СЗО.

Според Организацијата, доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето.

Од друга страна, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ.

– Ја поздравувам оваа иницијатива. Овие сертификати мора да бидат заемно признаени и стандардизирани, изјави Фон дер Лејен.

Во однос на забелешките дека воведувањето на вакви сертификати може да ги дискриминира луѓето кои немале пристап до вакцината, Фон дер Лајен изјави дека ова може да се реши со комбинација на такви потврди и негативен тест за Ковид-19. /МИА

притисни ентер