Верските лидери апелираа дека вирусот е реална и сериозна закана

Лидерите на верските заедници во земјава упатија едногласен апел до сите граѓани за одговорен однос кон себеси и ближниот, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна по животот и здравјето. 

Тие повикаа и на мирни, слободни и демократски избори во интерес на иднината на државата, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по денешната средба на лидерите на верските заедници кои се спомнати во Уставот на Република Македонија.

На средбата која се одржа на покана на директорот на Комисијата, Даријан Сотировски, присуствувале поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан; в.д. реис-ул-улема на Исламската верска заедница, Шаќир еф. Фетаху; бискупот на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на Евангелско-методистичката црква, Марјан Димов. Од оправдани причини отсуствувала претседателката на Еврејската заедница, Берта Романо Николиќ.

Како што соопшти Комисијата, верските лидери имале опсежна дискусија имајќи ја предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот и го оцениле достоен за почит и пофалба неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со вирусот.

– Верските лидери споделија размислувања за предизвиците кои сите нè очекуваат во иднина, но и за сето она што во изминатиот период можеше да се стори поинаку или, пак, повеќе, како конкретен придонес во справувањето со оваа сеопшта неволја, соопшти Комисијата за средбата на духовните лидери.

Според нив, најсоодветниот израз на благодарност за подвигот на здравствените работници треба да се покаже на дело – со почитување на изречените мерки од надлежните институции.

Бидејќи се наоѓаме во предизборен период, верските лидери апелирале и за мирни, слободни и демократски избори во интерес на иднината на државата, а разговарале и за важноста од постојано негување култура на толеранција, висока духовност, почит и етичност во односите меѓу конфесиите и во односите со јавноста на сите верски субјекти.

Верските лидери на средбата му го честитале изборот на новиот поглавар на ИВЗ, посакувајќи му успешна работа во одговорната раководна дејност во својата заедница. Ја потенцирале и важноста од отворањето на можноста за натамошна соработка во ваков формат. /МИА

Камион прегази 16 работници во Индија, 13 загинале (Вознемирувачко видео)

Најмалку 13 работници -мигранти, кои спиеле покрај автопат, загинале откако ги прегазил камион во индиската држава Гуџарат.

Несреќата се случила рано утрово. Камионот се судрил со трактор и возачот изгубил контрола и налетал на мигранти од северната држава Раџастан кои спиеле покрај патот по целодневната работа. Според владиниот извештај, уште шест мигранти се сериозно повредени, пишува Би-Би-Си.

Во Индија, работниците мигранти честопати можат да се видат како спијат покрај патот, поради што можат да бидат жртви на сообраќајни несреќи.

Минатата година во државата Махараштра воз прегази шеснаесет лица кои заспале на пругата. Тие се обиделе да пешачат до железничката станица за со воз да заминат дома за време на карантинот.

Гала оперски концерт и балет ,,Болеро” во петок во НОБ

На 22.1.2021 поради големиот интерес повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт со почеток во 20 часот. 

Настапуваат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска - сопран и Оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент: Бисера Чадловска, концерт мајстор: Јане Бакевски, кореограф: Саша Евтимова костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Милчо Александров.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број!, соопштуваат од НОБ.

Дел од патот кон Пониква во прекин поради полициска вежба

Сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот .

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип.

СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

притисни ентер