Венко Филипче во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин беше Венко Филипче.

Ние сме една од ретките земји која има протокол за се, состојбата со Корона вирусот е стабилна, рече Филипче

Не верувам дека вакцината ќе биде достапна до следната година, изјави Филипче

Изготвен е предлог во следната недела ќе имаме официјална одлука за наставата од 1 септември, а за недела, две одлука и за градинките, рече Филипче.. Тој истакна дека препорачува граѓаните да не патуваат надвор од границите

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Ирина Шајк објави колку шминка дневно користи за совршен изглед (ВИДЕО)

На Youtube, кусите видеа за шминкање снимени од најпознатите светски топ модели стануваат сè попопуларни.

Супермоделот Ирина Шајк сними едно за Вог, а нејзината рутина во шминкање го изненади целиот свет.

Додека блогерките за убавина ставаат маски, течни пудри, коректори, хајлајнери и многу други препарати на нивното лице, Ирина Шајк се шминка со прсти и користи само неколку капки течна пудра што ги нанесува само на одредени делови од лицето.

Светски познатата манекенка и една од најубавите жени на светот не користи ниту дел од она што е рутина за многу девојки кога се шминкаат и вели дека со помалку се постигнува повеќе и дека жените треба да се шминкаат, а не да се маскираат.

Во коментарите под видеото на Јутјуб, многумина не го криеја својот ентузијазам за рутината за шминкање на Ирина.

„Нејзината тајна за добра шминка е едноставно дека е најубава на светот и без шминкање“, се пошегуваа нејзините обожаватели.

Студент направил функционален Бетмобил,цел свет му завидува (ВИДЕО)

Студент од Виетнам направил функционален Бетмобил, а фотографиите и снимките од неговото возило станаа вирални на социјалните мрежи.

Со помош на еден пријател, студентот по архитектура во Ханој, Нгуен Дак Чунг (23), го направи култното возило од популарната франшиза во природна големина. Тој вели дека идејата ја добил откако го погледнал филмот со Бетмен.

„Бев толку импресиониран од автомобилот и се заљубив во него кога првпат се појави во филмот“, рече тој за VICE. Репликата што ја направил е долга 3,6 метри, широка 2,6 метри и висока 1,5 метри. Тој за Експрес Интернешнл изјави дека возилото може да вози по рамен пат со максимална брзина од 100 километри на час и удобно да прими две лица. И, што е уште поважно, изгледа многу слично на оној во филмот, со отворање на вратата како крило.

Нгуен вели дека вложил многу напор во своето возило и морал да нарача одредени компоненти од САД и Јужна Кореја, поради што поминал 10 месеци правејќи го автомобилот.

„Да, понекогаш бев многу уморен и сакав да се откажам, но секогаш кога сакав да се откажам, се сеќавав на причината зошто почнав да се мотивирам“, рече тој. „Навистина сум среќен што го видов својот изум... Горд сум на тешкотиите што ги надминав.”

Нгуен исто така рече дека сè уште го надградува автомобилот, што привлече големо внимание на Интернет, но и дека има на ум низа други проекти.

На Американците ќе им биде забрането да го симнуваат TikTok и WeChat

Пристапот до кинеските апликации TikTok и WeChat ќе биде ограничен во САД од задутре, недела, пренесува CNN.

Одлуката ја донесе Министерството за трговија, имајќи предвид дека извршните наредби на администрацијата на Трамп против овие апликации тогаш ќе стапат во сила.

Луѓето кои веќе ја имаат инсталирано апликацијата, сепак ќе можат да ја користат како и обично, но нема да можат да преземаат нови ажурирања, што наскоро може да доведе до дисфункција на апликацијата, бидејќи програмерите нема да можат да ги поправаат грешките или да прават измени.

Од недела, секоја дистрибуција или одржување на WeChat или TikTok во трговијата за апликации ќе биде забранета.

Понатамошни забрани може да се воведат подоцна, вклучително и оние насочени кон некои други апликации што може да послужат како заобиколувања.

„Денешниот потег уште еднаш докажа дека претседателот Трамп ќе стори се што е во негова моќ за да ја гарантира националната безбедност и да ги заштити Американците од закани од кинеската комунистичка партија, на нашите национални вредности, норми засновани на демократски принципи и агресивно спроведување на законите и регулативите на САД “, изјави државниот секретар за трговија на САД, Вилбур Рос.

притисни ентер