Венизелос со непроменета позиција пред Бан Ки Мун,бара име и за внетрешна и за надворешна употреба

Грција останува на позицијата дека веќе направила големи чекори и сега е на ред нашата земја да да го стори истото. Шефот на грчката дипломатија и вицепремиер, за спорот со името, меѓу другото, доцна синоќа разговараше со генералниот секретар на ОН.

По средбата со Бан Ки Мун, Венизелос со непроменети позиции, топката повторно ја префрли на македонска страна, рече дека пред неколку недели разговарал со медијаторот Нимиц (при неговата посета на Атина) и дека Грција е подготвена да учествува во следната рунда разговори. Добро познатите грчки црвени линии и понатамѕ остануваат непроменети.

„Нашата позиција е многу јасна. Нашата нацинални позиција е за сложено име со географска одредница, но за севкупна употреба, за надворешна и внатрешна употреба, ерга омнес. Што значи, очекуваме од другата страна да ги направи соодветните чекори, со добра волја и продуктивно.“ – рече шефот на грчката дипломатија веднаш по средбата со генералниот секретар на ОН.


Венизелос ја предводи делегацијата на Грција на 69то генерално собрание на ОН во Њујорк.

Поплави во Индонезија, стотици раселени, има загинати и исчезнати

Најмалку 16 лица загинале, а неколку стотици се раселени од своите домови заради лизгање на земјиштето и поплавите кои го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати после поплавите кои ја погодија областа Северен Лубу, во Јужен Сулавеси.

На снимките од терен се гледаат оштетени куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така прекриена со кал и остатоци од отпад, пренесе „АП“.

Во изминатите неколку денови, заради обилните дождови се прелеале три околни реки, предизвикувајќи евакуација на преку 650 луѓе, наведуваат локалните власти.

Амбасадорката Брнз на Твитер: Задоволна сум што граѓаните учествуваат во демократски процес

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз се огласи на Твитер за избориуте во земјава. 

-Задоволна сум што ги гледам граѓаните на оваа земја како учествуваат во демократски процес. Тим од амбасадата на САД му се придружува на ОБСЕ, граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидат таму заедно со нив, напиша на Твитер, американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнз.

Во Општина Велес до 11 часот излезноста 19,67 проценти

На 84 избирачки места во Општина Велес од вкупно 45.989 регистрирани гласачи, до 11 часот излегле 19,67 проценти или 9.046 граѓани со прави на глас.

Како што информира за МИА, претседателката на ОИК, Лили Велковска, на сите избирачки места гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера, без инциденти.

притисни ентер