Венеција го тестира контроверзниот систем против поплави

Венеција денеска започна со првото генерално тестирање на контроверзниот нов систем на брани, чија цел е заштита на градот од големи поплави.

Проектот МОСЕ од 5,5 милијарди евра е засенет од скандалите со корупција и го надмина крајниот рок. Работата започнала во 2003 година и се очекува да заврши во декември 2021 година.

МОСЕ е обоена со „јасни епизоди на корупција и криминал“, но „да се фокусираме на целта: сите треба да се надеваме дека функционира“, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој отпатува за Венеција за да го означи почетокот на тестирањето.

Инженерите изградија брани на три влеза во Венецијанската лагуна што треба да се активираат кога нивото на водата надминува 1,1 метар.

Денес, овие брани, составени од 78 подвижни бариери под морето , или челични порти, треба да бидат за прв пат подигнати во исто време. Нивната цел е да спречат бранови од Јадранското Море да ја поплават венецијанската лагуна.

„Ве молиме, започнете со изградба на четирите брани“, рече Конте.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро напиша на Твитер дека МОСЕ е „огромно достигнување“ и резултат на „италијанската генијалност“, иако задоцнето.

Заштитата од поплави е клучна за Венеција, особено откако скоро рекордниот бран од 187 сантиметри во ноември му нанесе огромна штета на градот заштитен од УНЕСКО.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер