Венди Шерман ќе ја предводи делегацијата на САД на преговорите со Русија за нуклеарното оружје

Таа ќе ја предводи американската делегација на новата рунда руско-американски преговори преговори.

Венди Шерман, заменичка на државниот секретар на САД, ќе ја предводи американската делегација на новата рунда руско-американски преговори преговори за стратешката стабилност и неширење на нуклеарното оружје што треба да се оддржат на 28 јули во Женева.

Ова се вели во денешното соопштение на Стејт департментит.

Оттаму укажаа дека во состав на делегацијата ќе биде и Бони Џенкинс, помошничка на државниот секретар за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност.

-Целта на оваа средба е да се обидеме да ја поставиме основата за идните мерки за контрола на вооружувањето и намалување на ризиците, се вели во соопштението.

На 16 јуни во Женева се оддржа руско-американски самит по иницијатива на Вашингтон. Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, разледаа во каква состојба се и какви перспективи имаат односите меѓу двете земји. Една од точките за разговор беше и проблематиката околу стратешката стабилност и контрола на нуклеарното оружје.

До 13 луѓе се затрупани по уривање на рудник во руската област Амур

 До 13 лица, според прелиминарните податоци, се затрупани по уривањето на мина во областа Зеј во руската област Амур, јавија синоќа руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

Спасувачките служби претходно известија дека е изгубен контактот со 13 работници во рудникот „Пионер“.

Во Собранието закажани седници на три комисии

 Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог- законот за помилување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт треба да ги разгледаат Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Предлог-законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во второ читање.

Законите кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за образование, наука и спорт треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија.

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година, наведуваат од АМСМ.

притисни ентер