Велигденска честитка на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение-Велигден до верниците од католичка вероисповед упати честитка.

Драги браќа и сестри, преку Великиот пост имавме можност да почувствуваме дека и покрај сите технички достигнувања, некако сме изложени на опасност и страдања, дека во нашиот живот постојат тешки периоди кога не ја препознаваме Божјата присутност. Во такви прилики, лесно може да ни се случи да чувствуваме страв и немоќ и да започнеме да се сомневаме во Божјата близина. Но, дури и во такви мигови на страв и вознемиреност, не можеме да се откажеме од надежта. Затоа што сме убедени дека времето доаѓа, или поточно, веќе е тука кога Бог особено сака да ни ја покаже својата љубов и својата близина. Тој е со нас во нашата болка, затоа што „Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме дека Тој беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога" (Исаија 53,4).

Некако со почетокот на Великиот пост ја дочекавме и невидливата опасност од пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), која за релативно кратко време опфати голем број на земји, а што влијаеше и ја зафати и нашата сакана Татковина. Во сенката на сето она што го доживеавме и сè уште го доживуваме, сакаме на празникот Велигден како апостолот да го упатиме својот крик до Бога: „Господи, спаси нè!" Тоа е израз на послушна вера и целосно предание во Божјите раце: „Целосно се предаваме на Твојата света волја, Господи. Повеќе не викаме за помош, затоа што гледаме дека не можеме сами да сториме ништо. Ти мора да сториш сè!" Исус рече дека не можеме да бидеме негови ученици ако не се откажеме од сè и не го земеме својот крст и не одиме по Него.

За нас Велигден значи дека чувствуваме присуство на воскреснатиот Христос во неговата Црква. Тој е со нас и останува со нас. Ние сме вградени во неговото таинствено тело на Црквата, така што неговиот живот е и наш живот. Затоа, да не губиме надеж, Бог е често наш тивок придружник кој нè придружува како што ги придружуваше двајцата ученици додека одеа кон Емаус. Можеби ќе го препознаеме кај некои луѓе што ќе ги сретнеме, кај нашиот брат или сестра кои страдаат и на кои ќе им пружиме рака и ќе им помогнеме со својата љубов. Тој е наша надеж и сила во секојдневниот наш живот. Нека Тој, воскреснатиот Христос и Господ, нè доведе до Неговата светлина во Неговото Царство на љубовта, радоста и мирот. Честит празник Воскресение Христово – Велигден! Христос воскресе! /МИА

До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во четврток врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег.

Како што најавуваат од УХМР од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.

Времето денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 l/m2) и поројни, проследени со ретки грмежи, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Времето во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено поројни, а во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Tемпературата ќе се движи до 12 степени целзиусови.

Зеленски: Рускиот напад врз ТВ кулата во Харков е дел од кампањата за заплашување

Руски проектил Х-59 вчера ја погоди ТВ кулата висока 250 метри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека рускиот ракетен напад со кој беше уништена телевизиската кула во Харков е дел од тековните напори на Кремљ да го заплаши населението на вториот по големина град во Украина, кој беше под интензивирани напади во последните неколку недели.

Целта на нападот беше „теророт да се направи видлив за целиот град и обид да се ограничи поврзаноста на Харков и пристапот до информации“, рече Зеленски во синоќешното обраќање.

Североисточниот дел на Харковската област се наоѓа на линијата на фронтот од околу 1.000 километри, каде што украинските и руските сили се борат повеќе од две години од инвазијата на Москва врз Украина. Линијата на фронтот не е многу променета во услови на војна на исцрпување, која главно се води со артилерија, дронови и во ровови.

Од крајот на март, Русија го засили притисокот врз Харков, очигледно за да го искористи недостигот на украински системи за противвоздушна одбрана. Руските единици ја погодија локалната електрична мрежа и гаѓаа станбени блокови.

Руски проектил Х-59 вчера ја погоди ТВ кулата висока 250 метри, речиси во средината, по што дел од неа се урна и дојде до прекин на програмата. /МИА

Седум лица повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.

-Во нападот се уништени најмалку 14 станови, изјави градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, , пренесе агенцијата Униан.

Во текот на ноќта и главниот град на Украина беше цел на руски беспилотни летала, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.

Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Миколаев./МИА

притисни ентер