Во Нов Јужен Велс 10 дена не е забележан ниту еден случај на локална инфекција по ниските едноцифрени бројки на заразени порано во јануари.
Државата Викторија, која е домаќин на тенискиот турнир Австралијан опен, нема забележано ниту еден локален случај во последните три недели.
Федералниот министер за здравство, Грег Хант, на Твитер напишал дека денеска е 10-ти ден без локално пренесена инфекција со ковид-19, додавајќи дека тоа е успех во време кога бројот на случаи со коронавирус ширум светот надминуѕва 100 милиони, а бројот на смртни случаи надмина 2 милиона .
Австралија забележала повеќе од 22 000 случаи од почетокот на пандемијата и 909 смртни случаи.
Благодарение на фактот дека нема нови локални инфекции, австралиската премиерка Гледис Береџиклиен од петок ќе ги ублажи ограничувањата против коронавирусот, вклучително и олеснување на правилата за носење маски и да има повеќе луѓе на домашни забави, свадби, погреби и во цркви.
Минатата година се воведени ограничувања за борба против епидемијата на северните плажи во Сиднеј и западните предградија.
И покрај релативниот успех во справувањето со пандемијата, меѓународните граници на Австралија најверојатно ќе останат затворени за не-австралиските граѓани оваа година, со можни договори за ексклузивни патувања со соседите од Јужен Пацифик.