Вечерва во „Само вистина“ ќе гостува д-р Никола Пановски

Дали пандемијата навистина стивнува, или олабавувањето на мерките ќе биде ново „масло“ на огнот?

Дами и господа, како да го победиме интелигентниот вирус, кому се чини ниту ултравиолетовите зраци не му можат ништо, вечерашната здравствена едкукација на на нашата нација ќе биде во најгледаната емисија „Само Вистина“ со епидемиологот д-р Никола Пановски.

Дали пандемијата навистина стивнува, или олабавувањето на мерките ќе биде ново „масло“ на огнот?

Дали државата тестира доволно, блиску ли сме до колективен имунитет или дистанцата и хигиената се единствено оружје?

Како отварањето на границите ќе се одрази врз здравјето на граѓаните?

Црна Гора објави крај на битката со коронавирусот, а дали навистина немаат повеќе нови заболени и со каква стратегија тамошните власти го победија новото зло, за нивните искуства погледнете го ексклузивното интервју со помошниот директор на црногорскиот Институт за Јавно здравје, д-р Сенад Бегиќ.

Води ли некој можеби микро-биолошка војна или љиљаците се во „криза“?

И вечерва на местото каде се говори само и „Само Вистина“ со д-р Никола Пановски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Реми во Севиља, Шпанија и Полска без победник

Фудбалерите на Шпанија и Полска одиграа без победник во второто коло од Групата Е на Европскот првенство. 

Избраниците на Луис Енрике не успеаја да ја оправаат улогата на фаворит на дуеот во Севиља против вечерва солидната Полска.

Црвената фурија го отвори резуласки мечот со голот на Мората во 25 минута. Шпанија со водство од 1-0 го заврши првото полуврее. Но, во вториот дел проработе најдобриот европски стрелец. Капитенот на Послака Роберт Левандовски со својот првенец на ЕУРО во 54 минута го израмни резулатот на 1-1 и не дозволи нов пораз на Полска на првенството. По 2 кола во групата Е , Шведска е на водечката позиција со 4 бодови пред Словачка со 3. Шпанија е трета со 2 бода а Полска е четврта со 1 бод.

За патниците во нокаут рундата ќеодлууваат натпреварите Шпанија - Словачка и Шведска Полска.

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица.

Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница

притисни ентер