Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Зоран Иванов и Сафет Бишевац

Почитувани сограѓани, вечерва во Само Вистина ќе гостуваат поранешните новинари Зоран Иванов и Сафет Бишевац.

Дали „црната листа“ на Бајден ќе ги „замисли“ домашните политички лидери, противници на Преспанскиот и на Охридскиот договор?

Длабока корупција или македонска перцепција, реформирани институции или свест, кога ќе дојде „живот“ за просечниот македонски граѓанин?

Зелени „партии“ или зелени интереси, кои се можните комбинаторики на локалните избори?

Дофатлив ли е почетокот на преговори со ЕУ во јули ?

Вечерва во Само Вистина, со Зоран Иванов и Сафет Бишевац, на Канал 5 Телевизија.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

притисни ентер