Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Науновски и Агим Јонуз

Почитувани сограѓани, колку долга „пинг-понг“ партија ќе може да одиграат истражните органи, вечерва во Само Вистина ќе говорат .

Политичка или кривична, кој и каква одговорност ќе сноси за вториот бегалец на правдата?

Затаија ли институциите по којзнае кој пат?

Етнички лични карти за влез во ЕУ, за задоволување на партиските апетити или за „едно општество“ за сите?

По која методологија ќе се пребројуваме?

Иницијаторите за предвремен конгрес или актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се „соочи“ со реалноста на 28 Март?

Кој е „стилот“ на бегалците во Македонија, вечерва во Само Вистина, Тони Науновски и Агим Јонуз, на Канал 5 Телевизија.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 411 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 411 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болен, а во Куманово 53 пациенти позитивен и суспектен на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 73, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 6 во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 667 и има околу 384 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти

Вкупно се лекуваaт 256 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 256 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и

7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примени 6 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 256 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Министерство за здравство

Казнети 134 возачи за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Како што денеска соопштија од МВР, од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден во рамки на зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, санкционирала 134 лица.

Како што денеска соопштија од МВР, од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

притисни ентер