Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Бојан Стојаноски, Борислав Крмов и Мартин Костовски

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина, гледајте пратенички тробој, со Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Борислав Крмов од Левица и Мартин Костовски од СДСМ.

Ќе има ли продолжување на кризната состојба и дали таа ќе ги спаси граѓаните од астрономски сметки за струја?

Дали иницијативата за референдум на Левица ќе го мине собранискиот филтер?

Двотретинско мнозинство за уставни измени – достжна цел или невзможна мисија?

Вечерва со Јана Јосифоска во Само Вистина Бојан Стојаноски, Борислав Крмов и Мартин Костовски, по вестите во 18.

Во Собранието закажани седници на три комисии

 Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог- законот за помилување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт треба да ги разгледаат Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Предлог-законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во второ читање.

Законите кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за образование, наука и спорт треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија.

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година, наведуваат од АМСМ.

Делови од Сарај, Чаир и Аеродром без струја

 Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од жителите на влезот на селото Крушопек, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од улица „4“ во Сарај.

Во временскиот период од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Македонско-косовска бригада“, „Никола Малешевски“ и дел од „Џон Кенеди“ бр.27 во општина Чаир.

Без струја денеска од 9 до 15 часот ќе бидат и дел од жителите од улиците „2“ и „10“ во Долно Лисиче, општина Аеродром.

Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.

притисни ентер