Вечерва во „Само Вистина“ дебатираа Сафет Бишевац и Алберт Муслиу

Бишевац: Зошто владата не најде сили да седне со експертите и ги слушне нивните ставови за Чебрен? Муслиу:Дали ние освен преговарачката рамка имаме друг услов за отворање на преговорите?

Бишевац: Зошто владата не најде сили да седне со експертите и ги слушне нивните ставови за Чебрен, ете парите од пакетот помош за граѓаните зошто не го инвестира во хидрицентралата? Тоа што го даваме водниот капацитет во рацете на странци не е добро. Ковачевски она што го демонстрираше изминатиот период ми дава за право да мислам дека не треба да го сфаќаме веќе толку сериозно. Двојните избори се добар потег за нормализирање на животот во општеството. Тоа што Ковачевски го трвди, земете го со резерва, неговото историско НЕ, траеше 3 дена, за францускиот или бугарскиот предлог. По извештајот на Холандскиот амбасадор, ние имаме и други пречки за ЕУ, во него се вели дека темнина е практично во оваа држава.

Муслиу: Ние даваме концесии, не даваме суверенитет. Зошто немаше експертска тематска дебата пред да дојде до потпишување, а не сега сите загрижени да прават трибини. Истаите тие требале да бидат поактивни пред две години. Двете декларации на бугарскиот парламент се различни, со втората се овозможи преговарачката рамка, која нема да ја отвориме бидејќи ни е услов за ЕУ. Дали ние освен преговарачката рамка имаме друг услов за отворање на преговорите? Тое дека ние не сме спремни за полноправно членство е причина поради која почнуваме преговори. Нашите политички елити не покажале капацитет поради лични или други причини за да го средат општеството.

Во Крушево се одбележуваат 44 години од раѓањето на Тоше Проески

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

Бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, а ќе го посетат и Спомен домот „Тодор Проески“ каде се наоѓаат неговите лични работи кои вечно го будат споменот за него. Неговите фанови велат дека Тоше има само ден на раѓање.

Од 9 до 16 часот во Спомен домот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, а во 11:15 часот, во времето кога Тоше се родил, бројни делегации и фанови ќе положат цвеќе на неговото вечно почивалиште на Гумење.

Во Крушево ќе присуствува и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој откако ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Тоше, ќе го посети и Спомен домот на Тоше.

Напладне во Спомен домот на Тоше, младите пејачи Нела Манческа, Дорис Димовска и бендот „Лок даун“ ќе изведат негови песни, а ќе настапат и вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“ од Домот на културата „Напредок-1869“ од Горна Орјаховица, Бугарија, под раководство на Аделина Колева.

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата, како што информираат од ЈОРСМ, е поведена бидејќи осомничениот во неговиот автомобил Ауди А8 неовластено држел огнено оружје и муниција – два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив. Во автомобилот бил пронајден уште еден пиштол за кој осомничениот имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли.

- Оружјето било пронајдено во автомобилот што го управувал малолетниот син на осомничениот. Детето кое месецов наполнило 15 години било запрено од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот татко – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице, одземање на патната исправа, одземање на возачката дозвола, но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје.

Промоција на нови полициски службеници

 Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска ќе се одржи свечена промоција на новите полициски службеници - генерација 2024-2025.

На промоцијата, како што соопшти МВР, ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и помошник министерот на Центарот за обука на МВР, Влатко Митковски.

притисни ентер