Вечерва во „Само Вистина“ дебатираа Агим Јонуз и Петар Богојески

Јонуз:  Граѓанинот гласа и добива власт каква што ја гласа Богојески: Не сум се договарал со лажни патриоти што промовираат етнички шовинизам

Јонуз: Не е направена селекција кој може да направи политиќка партија, имаме голем холдинг, немаме национална политика ниту критериуми што е јавно заедничко добро.Граѓанинот гласа и добива власт каква што ја гласа. Ако ние немаме евроинтегративна приказна со надежи за приклучување кон тие политики, ние ќе имаме крв до колена.

Богојески: Денеска е загрозен општествениот договор. Тоа значи дека ние се договараме дека ќе конституираме држава по конкретни принципи и вредности без кои државата не може да постои. Јас не сум се договарал со лажни патриоти што промовираат етнички шовинизам, лажна историја и наратив и која секоја недела ќе прогласува нов етнички триумфализам врз другите етникуми.

Латас: Што има просечниот Албанец што има Албанец министер за надворешни или премиер?

„Нема никаде во свет малцинство да уценува дали ќе даде согласост или не за претседател на држава.“

Кај ДУИ 25 години нема ниту една програма, нема план за автопат, градинка во Арачиново, болница. Над дваесет години „пливаат“ на 2001 година на УЧК, кои наводно ја победиле македонската војска и полиција, тоа кај Германец може би поминало како приказна но ние знаевме кој таму стоел позади УЧК кој бегал од Арачиново со автобуси кога Македонците влегле и која ја добил војната. Ахмети не ја добил војната. Тој дошол од Швајцарија, каде има досие дека е соработник на УДБА, кое е објавувано и на АЛбански медиуми и поратли и доаѓа сега како пејач по канцеларии кој нема што да понуди. Не може да понуди војна бидејќи никој нема да го поддржи. Не може да понуди знамиња и споменици бидејќи тоа се потроши, ама просечниот Албанец е сиромашен исто како и Македонецот, па сега ајде што ќе правиме, ајде етничка програма за Албанец претседтаел. Но тој бара по систем на „бадентер“. Да, вие бидете претседател но како малцинство по правила на бадентер имам право да го блокирам изборот. Нема никаде во свет малцинство да уценува дали ќе даде согласост или не за претседател на држава. Се бара нова етничка тема еве да биде Албанец, а што има просечниот Албанец што има Албанец министер за надворешни или премиер? Ништо. Има интерес кај тендерашите и дилерите. Ним им треба некој да застане зад нив, за да не ги гони, а тие да носат гласови, рече Драган Павловиќ Латас во Само Вистина.

Украинците тврдат дека го собориле суперавионот на Путин, вреден 330 милиони долари (ВИДЕО)

Украинците тврдат дека го собориле рускиот воен радар Бериев А-50У/М над Азовското Море вреден 330 милиони долари.

Локацијата на несреќата, на околу 322 километри од линијата на фронтот во јужна Украина, може да укаже дека радарскиот авион со четири мотори со 15 членови на екипаж или претрпел механички дефект или бил погоден додека летал блиску до линијата на фронтот и се обидувал да се врати во својата база во Краснодар пред експлозијата, јавуваат локалните медиуми.

На видеото што денеска се појави на социјалните мрежи, наводно, се гледаат остатоците зафатени во пламен во рускиот Краснодарски крај, источно од Азовското Море.

Новак Ѓоковиќ случајно го сретнал Рафаел Надал на лет кон САД, селфито го обиколи светот (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ замина за САД каде треба да учествува на турнирот во Индијан Велс, а на пат се сретна со добро познатото лице - Рафаел Надал.

Двајцата долго време не се сретнале на теренот, со оглед на тоа што Рафа Надал ја пропушти цела сезона поради повреда, а оваа година требаше да се врати, но повредата го спречи веќе на почетокот на годината да се обиде во првиот Грен слем турнир.

Таму Ѓоковиќ успеа да стигне до полуфиналето, каде што беше елиминиран од Јаник Синер, додека овојпат треба да се сретнат заедно во Индијан Велс, каде и двајцата се на списокот на учесници.

Се чини дека Надал конечно е подготвен и дека неговото тело нема да го изневери, а случајноста сакаше двајцата да се сретнат во авионот за САД.

– Одлично друштво на пат кон Америка – напиша накратко Новак Ѓоковиќ со заедничко селфи, објави Телеграф.

притисни ентер