Вечерва во „Само интервју“ ќе гостува Данела Арсовска

Дами и господа, вечерва во Само Интервју ќе гостува градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска..

Приватниците по две недели ги тргнаа автобусите од улиците - си го бараат лебот или бараат преку леб погача?

Кој го создаде, а кој ќе го реши хаосот? Зошто Арсовска одбива средба и што може да направи Владата?

Во проблеми е и ЈСП, ќе може ли да го издржи и ветениот бесплатен превоз?

Што знае Арсовска за наводните тајни средби на Мицкоски со Заев и Ковачевски? Чии се„рачињата во медот“ што ја скараа со ВМРО-ДПМНЕ?

Кога ќе ја видиме новогодишната магија?

Вечерва во Само Интервју, гостинка на Гоце Михајлоски по една година од мандатот ќе биде Данела Арсовска, по вестите во 18.

Австралиската полиција заплени рекордни 2,3 тони кокаин- им се расипал бродот (ВИДЕО)

Австралиската полиција денеска соопшти дека заплениле рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.

Полицијата наведува дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и дека како максимална казна им се заканува доживотен затвор, пренесе АП.

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари.

Инспекторите им рекоа на новинарите во Бризбејн дека дрогата била транспортирана од Јужна Америка.

Апсењата вчера и завчера уследија по едномесечна истрага што следеше по дојавата дека криминална банда планирала операција за шверц на неколку тони кокаин, соопшти полицијата.

Германец исчезнал без трага, по 20 часовна полициска потера го нашле на најнеочекувано место

Неименуваниот 66-годишен Германец преживеал непријатни и напнати 20 часа, колку што бил исчезнат во родниот град, општина Ној-Улм.

Неговото семејство повикало полиција и им објасниле дека тој излегол од куќата во петокот попладне и повеќе не се вратил. Не контактирал со нив, како што обично прави, а тие биле загрижени дека нешто му се случило.

По пријавата, властите организирале претрес, а најпрвин ја посетиле компанијата во која работи човекот, пренесува Kleine Zeitung.

Во зградата немало многу малку вработени поради викендот, а обезбедувањето по кратко доцнење ја разрешило енигмата. Несреќниот маж бил пронајден заклучен во тоалетот, а со себе немал мобилен телефон.

Поради некоја причина, вратата од тоалетот се затворила и тој останал заробен. Бидејќи неговите колеги заминале дома, немал кого да повика на помош.

Но, тоа не било крајот на искушението. Полицајците не можеле да ја отворат вратата, па на помош била повикана локалната противпожарна единица. Проблемот го решиле со хидрауличен уред и несреќниот човек конечно успеал да се врати кај семејството.

Според полицијата, тој под овие околности добро се однесувал.

По „затворот“, мажот повторно вчера излегол на свеж воздух, и тоа околу 4 часот наутро“, соопштено е.

Израел одговори на провокацијата, го нападна Хезболах во Либан

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула.

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула, што е првпат групата да го нападне Израел откако стапи на сила прекинот на огнот во средата наутро минатата недела, објави Гардијан.

Вечерва Хезболах истрела две ракети во близина на набљудувачка кула во окупираните фарми Шеба. Ракетите паднале на отворен простор и не предизвикале повредени. Во соопштението, групата рече дека нападот на набљудувачките кули бил „почетен предупредувачки одбранбен одговор“ на „повторените прекршувања“ на прекинот на огнот од страна на Израел.

Портпаролот на израелската војска изјави дека војската напаѓа цели во Либан, но „подоцна ќе даде дополнителни детали“. Еден час претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети „силен“ одговор на нападот на Хезболах.

Израелските воздушни напади се најсериозните откако беше воспоставен прекинот на огнот во средата. Обновувањето на одмазднички напади во јужен Либан и северен Израел предизвика загриженост дека конфликтот меѓу Хезболах и Израел би можел да продолжи само пет дена по објавувањето на прекинот на огнот.

притисни ентер