Вечерва во „Само Интервју“ гостин лидерот на СДСМ Зоран Заев

Вечерва во Само Интервју ќе гостува екс-премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Дами и господа, Канал 5 ТВ го имаше едниствениот дуел на лидерите на СДСМ и ВРМО-ДПМНЕ, а оваа недела ќе имаме „дуплекс“ само интервјуа.

Минатата недела ги поканивме двајцата лидери, Заев и Мицкоски, прв на поканата одговори лидерот на опозицијата кого ќе го гледате утре, а вечерва во Само Интервју ќе гостува екс-премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Заев и Мицкоски се чини дека се натпреваруваат во економската реторика за спас од короната, но кој е поглем социјал-демократ и „патриот“ во очите на граѓаните?

Двата досегашни владини економски пакети предизвикаа реакција кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, проследени со обвинувања за неспособност и корупција. 

Заев ќе седне на „жешкото столче“ на кое ќе треба да даде одговори на многу прашања - ќе ја преживееме пандемијата и колку луѓе ќе останат на улица?

Има ли Зоран Заев волшебно економско стапче?

Што мисли Заев како се справува оваа прикрпена пржинска Влада со здравствените и економските предизвици? Направија ли многу грешки кои можат подоцна животи да не чинат?

Добивме акциски план за април и мај, летото ќе дојде но што ќе правиме на есен кога ќе се активира и сезонскиот грип, можно ли е да имаме и вотр „корона“ бран и како ќе се носиме и со тој предизвик, вечерва Гоце Михајлоски во Само Интервју, одговори ќе бара од Зоран Заев, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер