Вечерни Вести на Канал 5 во 18, 15.04.2025 - Канал 5

Аксиос: Трамп му рекол на Зеленски во Ватикан дека САД, а не Украина, ќе го признаат Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан дека САД, а не Украина, ќе го признаат Крим како дел од Русија, објави Аксиос.

Аксиос: Трамп му рекол на Зеленски во Ватикан дека САД, а не Украина, ќе го признаат Крим

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот дека не го признава Крим како руски, а Трамп јасно ставил до знаење дека не го бара тоа од него. Планот е Соединетите Американски Држави да го сторат тоа, а не Украина“, според извештајот на американскиот портал.

Зеленски, исто така, му рекол на американскиот лидер дека не се плаши да прави отстапки за да го заврши конфликтот, но дека за тоа ќе му требаат прилично солидни безбедносни гаранции, објавува порталот.

Зеленски ги искористил своите 15 минути со Трамп во Ватикан за да го повика да заземе поцврст став кон Путин и повторно да му биде приоритет воспоставувањето прекин на огнот, изјавиле за Аксиос два извори запознаени со прашањето.

Покрај тоа, според еден од изворите, за време на разговорот, Трамп извршил притисок врз Зеленски што е можно поскоро да потпише договор за ретки минерали меѓу САД и Украина.

„Беше тoa одличен состанок и Зеленски не сакаше да ризикува“, рече неименуваниот извор.

Разговорите во Ватикан на денот на погребот на папата Франциск дојдоа откако САД се заканија дека ќе се откажат од своите напори за посредување за воспоставување мир во Украина и откако Трамп го осуди Зеленски поради неговите коментари дека Украина нема да ја признае руската контрола врз Крим./МИА

Турски суд осуди 18 вработени во општина Истанбул

Турскиот суд денеска осуди 18 вработени во општина Истанбул, кои ќе чекаат судење во затвор по обвинение за корупција, објавија локалните медиуми.

Турски суд осуди 18 вработени во општина Истанбул

Апсењето се случи во рамки на се поголемиот притисок врз опозицијата и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е во затвор, пренесуваат агенциите.

Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој води на анкетите, е затворен во март и чека судење по обвинение за корупција.

Тој се соочува и со обвиненија за помагање на терористичка група.

Градоначалникот на Истанбул на судењето рече: Овие обвинувања се политички; јас сум претседателот во срцата на 86 милиони. Тој ги негираше сите обвиненија, а неговото апсење предизвика големи протести, економски проблеми и обвинувања дека судството е политизирано.

Владата ги отфрла тие тврдења и истакнува дека судството е независно.

Турската телевизија НТВ објави дека 34 од 52-те лица кои беа уапсени во текот на викендот во рамки на истрагата се пуштени со судски ограничувања.

Турските медиуми објавија во саботата дека властите уапсиле десетици вработени во општина Истанбул како дел од правните истраги кои се фокусираа на Имамоглу.

Меѓу уапсените беа генералниот секретар на општината, началникот на кабинетот на Имамоглу, претседателот и потпретседателот на општинската управа за водовод и канализација, како и раководител на оддел во управата. /МИА

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава

Финска усвои закон со кој се ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди за време на наставата во основните и средните училишта, поради страв од нивното влијание врз благосостојбата и учењето на учениците.

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава

Според измените, кои финскиот парламент ги одобри вчера, а ќе стапат во сила на 1 август, мобилните уреди ќе бидат строго ограничени за време на наставата, пренесува Гардијан.

На учениците ќе им биде дозволено да ги користат само со дозвола на наставникот поради здравствена причина или за учење.

Финска е најновата европска земја која воведе законски ограничувања за употребата на телефони и други мобилни уреди во училиштата поради сè поголемиот број докази за нивното влијание врз децата и младите, вклучувајќи го вниманието и самодовербата.

Претходно годинава, Данска соопшти дека ќе забрани мобилни телефони во сите училишта.

Претседателот на финската комисија за благосостојба, Расмус Мејер за Гардијан изјави дека мерката е неопходна за да се спречи училиштата да бидат „колонизирани од дигитални платформи“ и го повика остатокот од Европа да го следи нивниот пример.

Ограничувања за мобилните телефони воведе и Франција, која во 2018 година им забрани на учениците од основните и средните училишта користење телефони во училишните простории, како и Норвешка, која неодамна објави строга минимална старосна граница од 15 години за користење социјални мрежи.

притисни ентер