Вечерни Вести на Канал 5, 8.8.2022

Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Хрватите во транс ја слават победата над Бразил (ВИДЕО)

Хрватска е во транс и се слави низ сите градови во државата.

Бразил падна по драматичната игра и пеналите, а „коцкастите“ уште еднаш ѝ донесоа радост на цела Хрватска.

Сите хрватски градови целосно полудеа во истиот момент откако стана јасно дека Хрватска го победи Бразил на пенали.

Украина: Православен владика шири омраза и руска пропаганда

Украинската безбедносна служба (СБУ) објави дека висок свештеник на прорускиот огранок на Украинската православна црква шири руска пропаганда на социјалните мрежи и поттикнува омраза кон Украинците.

СБУ тврди дека владиката во западна Украина споделил објави на социјалните мрежи кои „ја понижуваат националната чест и достоинство на Украинците“ и „придонеле за поттикнување верско непријателство и омраза“. Владиката, кој не е именуван, е обвинет дека користел анонимен профил на Фејсбук за „ширење на наративот на руските пропагандисти“.

Соопштението на SBU уследи по серијата рации на имотите што ги користи Украинската православна црква, вклучувајќи го и манастирскиот комплекс во Киев стар 1.000 години. Тие наведуваат дека ова е дел од операции „со цел да се спречат субверзивните активности на руските специјални служби“.

Портпаролот на црквата минатата недела изјави дека црквата секогаш постапувала во согласност со украинските закони и државата нема правна основа да врши притисок врз нејзините членови.

Заврши претпоследниот ден од расправата по Предлог-буџетот, продолжението в понеделник

Собраниската комисија за финансирање и буџет вечерва ја прекина амадманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година и продолжението го закажа за понеделник.

Денешниот, шести ден од амандманската расправа, помина во разгледување на амандмани од кои повеќето се однесуваа на изградба на регионални и локални патишта и на водоснабдителни системи.

Министерството за финансии прифати неколку амандмани, но во видоизменета форма. Со еден се бараше пренамена на финансиски средства во Министерството за транспорт и врски кои ќе бидат наменети за изготвување на техничка документација за изградба на технички пат до депонијата во општина Новаци, а со друг да се одвојат средства за проширување на улицата од плоштадот во Штип до мостот кај хотелот Оаза со што ќе се олесни сообраќајот во ударните термини и ќе се зголеми безбедноста на пешаците. Беше прифатен и амандман од опозицијата со кој се бараше да се реализира проект за алтернативни извори за водоснабдување на Охрид.

Во текот на попладневниот дел од расправата беа повлечени неколку амандмани од страна на предлагачите.

Во понеделник е последниот ден од амандманската расправа по што Предлог-буџетот треба да оди на пленарна седница.

За Предлог-буџетот беа поднесени вкупно 263 амандмани од кои околу 200 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

притисни ентер