Вечерни Вести на Канал 5, 28.04.2025 - Канал 5

„WIZZ AIR“ нова рута од Македонија-летајте од Охрид до Базел од октомври!

Wizz Air, најеколошката авиокомпанија во EMEA регионот, со задоволство ја најавува новата и возбудлива рута од Охрид до Базел, Швајцарија, која започнува со работа овој октомври.

„WIZZ AIR“ нова рута од Македонија-летајте од Охрид до Базел од октомври!

Билетите се веќе во продажба со цени почнувајќи од 1299 денари.

Билетите се веќе во продажба од денес, со цени почнувајќи од само 1.299 МКД во еден правец (вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба). Оваа нова рута им овозможува на патниците лесен пристап до град познат по својата стратешка локација на крстопатот меѓу Швајцарија, Германија и Франција, нудејќи лесен пристап до повеќе европски дестинации.

Уникатната позиција на Базел близу до границите на три земји го прави идеална почетна точка за истражување на културната, историската и економската разновидност на Европа. Без разлика дали патувате за бизнис, одмор или културна авантура, патниците сега можат да уживаат во брз, директен лет до еден од најживописните и стратешки лоцирани градови во Европа, кој сега е подостапен од кога било со ниските цени и одличната услуга на Wizz Air.

Оливија Харангозо, Менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави:

„Ни претставува огромно задоволство да ја претставиме нашата нова директна линија од Охрид до Базел – град познат не само по својата богата историја и жива уметничка сцена, туку и по својата уникатна локација во срцето на европските граници. Стратешката позиција на Базел го прави совршена почетна точка за истражување на повеќе европски земји, а со Wizz Air, сега е полесно од било кога да се поврзете со овој динамичен град.“

Оваа најава доаѓа веднаш по успешното воведување на нови линии до Барселона, Шпанија и Лион, Франција, што дополнително ја демонстрира посветеноста на Wizz Air за зајакнување на своето присуство во регионот. Поттикната од својата програма „Customer-First Compass“, Wizz Air продолжува да го трансформира искуството на патување со тоа што управува со една од најмладите, најбезбедни и најштедливи флоти во индустријата. Оваа нова рута дополнително ја зацврстува улогата на Wizz Air како клучен играч во авио-секторот на Македонија, нудејќи им на патниците повеќе дестинации, подобри цени и поголема слобода за истражување на европската разновидност.

НОВА РУТА

Датум на започнување

Охрид – Базел/Милуз

Понеделник, Петок

1.299 МКД

27 октомври 2025

Резервирајте ги вашите билети брзо и лесно преку wizzair.com или преку официјалната WIZZ мобилна апликација.

Опожарен камион на „Чистота и зеленило“ Куманово

Камион на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ изутрината бил опожарен додека изнесувал смет од правен субјект од Куманово, информираа денеска надлежните од претпријатието. 

Опожарен камион на „Чистота и зеленило“ Куманово

Пожарот го изгасила екипа на противпожарна единица и вработени на самото претпријатие.

Директорот на претпријатието, Ненад Стојановски, информираше дека до пожарот дошло поради несоодветно одложен отпад кој се запалил во задниот дел на возилото.

- Пожарот е резултат на неодговорно фрлање отпад, кој не смее да се меша со комуналниот отпад. За среќа нема повреднеи во пожарот, вработените го забележале пожарот и алармирал, што овозможи навремена реакција и спречување на сериозни последици. Причинета е штета која ќе се санира, изјави Стојановски.

Увид извршила и екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од јавното претпријатие со апел до граѓаните и правните субјектите да се одлага соодветен отпад и укажуваат дека инцидентот ја отвара дебатата за неопходна едукација и контрола при управувањето со отпадот, како и за зајакнување на инспекциските механизми во насока на спречување на вакви ризични ситуации.

Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него

 Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас.

Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него

Европската Унија останува со Македонија на патот кон целосното интегрирање, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје.

Високата претставничка истакна дека разговарале за повеќе теми, при што потенцира дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, но и прва држава, која го потпишала Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ. Нагласи дека на средбата меѓу другото се разговарало за напредокот на македонската економија и истакна дека тој процес е од големо значење и за самата Унија.

-Ова партнерство подразбира заедничка работа за Украина и во сферата на борбата против тероризмот секако, а тоа покажува дека функционира постепената интеграција. Но двете страни сакаат повеќе и тоа е мошне јасно. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. Вие имате навистина долга историја на усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, а тоа нам ни е особено многу важно во овие трубулентни времиња, кога гледаме дека има сериозни геополитички промени во светот, рече Калас.

Таа говореше за напорите кои се преземени од страна на Владата во однос на реформаката агенда.

-Вие, подобро од кој било знаете дека патот до членството не е лесен и мојата порака денеска е да останете на тој пат, да ги преземете чекорите потребни за отворање на пристапните преговори. Тоа исто така ќе значи дека ЕУ на Македонија ќе и дава уште поголема поддршка, без разлика дали станува збор за владеењето на правото, борбата против корупцијата или модернизирањето на јавната администрација, нагласи Калас.

Таа додаде дека од искуство знаат дека напредокот може да биде брз доколку има политичка волја, а како добар пример за тоа ги посочи Албанија и Црна Гора.

-Секако Македонија се соочува со носење избор за своите граѓани и за иднината. Веруваме дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е најдобриот рецепт за мир и безбедност во целиот регион. Затоа ајде да се придвижиме заедно и тука сакам да ве уверам дека ЕУ останува покрај вас, порача Калас.

притисни ентер