Каевски: Реализираме стратешка цел, во ЕУ влегуваме како Македонци со заштитен македонски јазик

За само пет години СДСМ успеа да ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата.

Преку одговорен, државнички пристап успеавме да ги тргнеме сите пречки и С.Македонија да стане 30та членка на НАТО.

По 17 години кандидатски статус конечно и сосема заслужено, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија.

Сето ова го постигнавме со зачуван македонски јазик со чиста формулација, со заштитен македонски идентитет признат од целиот свет.

Во ЕУ влегуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик и тоа веќе се гледа и преку првата меѓувладина конференција и преку процесот на скриниг.

Сега откако прашината од хистеријата падна, јасно се гледа дека пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет.

Нема никаква асимилација и бугаризација со кои ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја плашеа јавноста.

Но и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини и да измислуваат конструкции.

И денеска ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лаги за некакви нови договори, за некакви нови услови со кои се обидува да ја вознемирува јавноста.

Многу брзо ќе се покаже дека и оваа лага на ВМРО-ДПМНЕ ќе пукне како меур од сапуница.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да лаже кога станува збор за државните и националните интереси.

Оваа партија предводена од Мицкоски има проблем секогаш кога државата бележи напредок во евроинтеграциите.

За разлика од таквото нивно однесување, СДСМ продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ.

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

СДСМ

Скопските улици „Товарник“ и „Среќко Пужалка“ денеска без вода

Без вода денеска од 13:20 часот се корисниците од улиците „Товарник“ и „Среќко Пужалка“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-110 на ул.„Товарник“ бр.1.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Стефковски: Жителите на Колонија добиваат спортско игралиште

Жителите на Колонија добиваат спортски терен со најсовремена тартан подлога.

Ова е третото спортско игралиште од вкупно седум што се градат на територија на општина Гази Баба.

Претходно беа завршени спортските терени во Триангла и Керамидница, а во деновите пред нас ќе се изградат и во населените места Гоце Делчев и Кирил Петрушевски со тартан подлога, додека Стајковци и Страчинци ќе добијат терени со вештачка трева.

Во Гази Баба се гради и инвестира. Општината добива нов лик.

Новото време за нашата Гази Баба само што започна, напиша на својот профил на Фејсбук градоначалникот на Гази Баба, Боби Стефановски.

притисни ентер