Претседателката на ЕК фон дер Лајен утре во посета на Македонија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе допатува во посета на Македонија.

Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заевна платото пред Владата.

Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина каде ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК фон дер Лајен.

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, претходно најави дека Урсула фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија. Како што јави допсиничката на МИА од Брисел, Мамер не даде повеќе детали, и посочи дека прашањата ќе бидат одговорени на прес-конференциите што ќе ги има претседателката на ЕК.

-Претседателката оди на Западен Балкан да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот, ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде прилика да се разговара за овие односи вклучително и тоа билатерално прашање, рече Ерик Мамер, зборувајќи за македонско-бугарскиот спор.

Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Македонија.

Шефицата на Европската Комисија ќе го посети регионот една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот.

Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето" туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

Скопјани пијат безбедна и квалитетна вода

Испитувањата на водата за пиење покажаа дека жителите на Скопје пијат безбедна и квалитетна вода, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Од претпријатието го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 септември до 24 септември, како што се посочува, зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Извртен камион на бул. „Борис Трајковски"

Извртен камион претпладнево предизвика застој во сообраќајот на булаварот „Борис Трајковски", на потегот каде што извршуваат градежни работи за реконструкција.

На тој дел од потот што води од Драчево кон Охис, наизменично се пропуштаат возила во двата правца. Нема информации дали некој е поивреден.

притисни ентер