Идентификувани се телата на сите 14 жртви од несреќата во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е извршена идентификација и на другите починати во уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е извршена идентификација и на другите починати во уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од кои двајца се од машки пол Н.К. (17), Ѓ.Ф. (53) и пет женски лица, М.А. (16), Ф.В. (10), С.Ф. (6) и Г.Р. (58), К.М. (76), како и повредените од кои две од женски пол, Т.М. (24) и А.Р. (23) и едно машко лице В.Ц. (18).

Обвинителството вчера соопшти дека се идентификувани две женски лица, А.Р. (20) и А.Ќ.С. (35) и пет машки лица, Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45).

Во текот на досегашните дејствија и мерки, јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Нови Сад, во соработка со Полициското одделение во Нови Сад, изврши увид на лице место и наредиле потребни вештачења, објави Телеграф.

„Паралелно со вештачењата кои треба да се спроведат во најкраток можен рок, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад е целосно ангажирано на прибирање на сите известувања и информации и наложено е за таа цел, во текот на денот, најмалку дваесет лица, меѓу другите одговорни од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и надлежниот министер, одговорните лица од АД „Железница Србија“, одговорните лица на Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Нови Сад, како како и други лица, со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Ѓувеч

Во петок (01.11.2024) во емисијата гостин ни беше Филип Шурбевски Чорба

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња пилешки стек

1 главица кромид

1 пиперка

2 - 3 чешниња лук

3 компири

2 лажици ориз

1 тегла ѓувеч

малку сув зачин и бибер

други зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

ОЈО: Еден убиен и еден тешко ранет во престрелка во Арачиново, се трага по еден од сторителите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.

Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот.

Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага, соопшштуваат од Обвинителството.

притисни ентер