СДСМ: Што договарал Мицкоски на средбите со Палевски?

Цела недела нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски.

Што разговарал и договарал Мицкоски на средбите со Палевски, што крие?

Познато е дека Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица, а неговите радикалните ставови беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.

Обидите за манипулација, поткопување на истрагата, изопачената потреба за злоупотреба на случајот со смртта на Вања и ширење паника кај граѓаните, отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Како е можно киднаперите на Вања да му поминат пред нос на Спасовски

Како е можно киднаперите на Вања со возилото на исчезнатиот Панче да му поминат пред нос на Спасовски- евидентирани се на 27 ноември во близина на Александар Палас?!

ВМРО-ДПМНЕ: Како е можно киднаперите на Вања со возилото на исчезнатиот Панче да му поминат пред нос на Спасовски- евидентирани се на 27 ноември во близина на Александар Палас?!

Тоа што СДС отвора разно разни теми со цел да дефокусираат од трагичната смрт на малата Вања и велешанецот Панче, говори дека сакаат да сокријат пропусти во истрагата кои можеле да го спречат грабнувањето и смртта на девојчето.

Имено Спасовски и МВР со денови молчат и кријат дека возилото на настраданиот велешанец три дена било во Скопје пред кобниот 27 ноември. Тие не кажуваат зошто ова возило не било пријавено со централна објава иако кога било нотирано исчезнувањето на Панче, бил пријавен за исчезнат и неговиот цитроен. Спасовски и МВР молчат и не кажуваат дали е точно дека на 24 ноември возилото е забележано на камерите на Сејф Сити во населбата Маџари во Скопје, а потоа и следниот ден на 25 ноември, три, односно два дена пред да се случи трагичниот настан. Дали ако полицијата реагирала навреме, односно ако истрагата за исчезнувањето на велешанецот Панче се спроведувала соодветно, немало да се случи грабнувањето на Вања?

И на крајот, Спасовски и МВР треба да кажат како е возможно возило на исчезнато лице, возило пријавено во МВР да помине на десетици метри од најобезбедуваниот периметар во Македонија и во регионот во тоа време, непосредно во близина на хотелот Александар Палас. Буквално на Спасовски му поминале пред нос.

Ова се сериозни прашања кои МВР, Спасовски и СДС треба да одговорат. Тие може да фрлаат магла, да дефокусираат, да манипулираат, но јавноста бара одговори и одговорност. Неказнивоста на Палевски и неговата група, поради тоа што полициски структури блиски до СДС го штителе, во комбинација со пропусти и грешки во водењето на истрагата за првото и второто грабнување и убиство, доведоа до ваквата трагедија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски на иста маса со уапсен за трговија со 32 килограми дрога

После фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, нов скандал.

Мицкоски седи на иста маса со лицето М.А од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога.

Акцијата на полицијата е од 3-ти декември оваа година а токму со возилото на лицето М.А со кое седи Мицкоски била превезувана дрога вредна 120.000 евра.

На фотографијата е и блискиот соработник на Мицкоски, Антонио Милошоски.

Што бараат Мицкоски и Милошоски, на иста маса со лица од подземјето, кои биле дел од меѓународен синџир за шверц на дрога?

Многу бело се насобра околу ДПМНЕ.

Пукаат скандали тоа со дрога секој ден.

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин.

Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер