Трипуновски: „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, синоним на успешна соработка

„Преку националниот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ имаат можност да учествуваат над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ“.

„Преку националниот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ имаат можност да учествуваат над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ“, порача денеска министерот за земјоделство, шумасртво и водостопанство, Цветан Трипуновски обраќајќи се на граѓаните на денешниот настан.

„Преку разни мерки и програми помагаме на земјоделците за да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе го намалиме увозот, а истовремено ќе работиме да станеме препознатлив бренд во светот“, истакна министерот Трипуновски.

Тој посочи дека Министерството додели 56 договори за поддршка на локални настани и саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви локални настани се промовираат македонските производи, и сите посетители можат да вкусат домашни производи кои што го заслужуваат своето посебно место во светот.

„Денешната манифестација е доказ дека со соработка помеѓу Министерството, земјоделците, здруженијата може да се достигне до посакувата цел, а тоа е промоција на нашата домашна храна“, нагласи министерот.

„Со разно разни мерки придонесуваме за стимул на земјоделците за да нашите полиња не останат празни, туку секоја педа од земјата да се обработува. Имено, отворивме подрачни единици и канцеларии за да бидеме поблиску до земјоделците. Исплативме задоцнети субвенции кои со години ги чекаа и на тој начин ја вративме довербата кон институциите. Наша политика како Министерство е да се исплатат сите задоцнети субвенции и да се започне со редовно сервисирање. Креирање на откупна цена на иста маса со откупувачи и земјоделци е уште еден чекор кој што ќе стане практика, со цел двете страни да се задоволни. Како Министерство нема да дозволиме да се повтори сликата на разочарани земјоделци кои што својот труд го фрлаа на буниште“, истакна министерот Трипуновски.

Тој додаде дека „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ ќе стане синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството.

„Во нареден период ќе работиме на стимулација на мали производители зошто токму тие ја развиваат домашната економија. Домашното производство е приоритет на кој што ќе се работи“, порача тој.

Министерот Трипуновски нагласи дека земјоделците секогаш ќе се приоритет на Министерството, соопштуваат од МЗШВ.

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минити, до Битола за час и половина

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер, извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп - Битола.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорот на ЈП за државни патишта Коце Tрајановски, претставници од Владата, грaдоначалници од Пелагоснкиот регион, денеска извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп - Битола.

Министерот Николоски истакна дека ова е ден за паметење бидејќи во рок од една недела се започнува изградба на два автопати во Македонија, меѓи кој и автопатот Приле-Битола со кои ќе се промени целосно сликата за Македонија.

Ви ја пренесуваме интегралната изјава на министерот Николоски:

“Навистина ова е значаен ден за целиот Пелгониски регион. Многу значајна работа и за Прилеп, за Битола, за Могила, Новаци, Ресен Кривогаштани, ако сакате и за Охрид бидејќи ова е алтернативен пат и за Охрид. Но најважното е дека овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата.

Ова значи заживување на економијата за целиот Пелагониски регион, добрите економски перформанси во овој регион дополнително се надградуваат, да се отвораат нови добро платени работни места и луѓето да ја видат својата иднина тука.

Можам со задоволство да кажам дека со завршувањето на овој автопат од Прилеп до Битола, како и со пуштењето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп кој што оди во три сексции и тоа од Градско до Дреново ќе биде готов до Нова година, Дреново до Фариш некаде март следната година и во текот на следната година и од Фариш до Прилеп, и кога ќе се заврши и овој автопат од некаде четириесетина километри, очекувам за три до три и пол години од денеска, од Скопје до Прилеп да се патува во едно пријатно патување од еден час и детсетина минути а до Битола еден час и триесет минути, што целосно ќе ја промени реалноста во регионот, во делот на економијата, во делот на комуникацијата и во делот на напредокот.

Сакам да се заблагодарам на прмиерот Мицкоски затоа што на дневна основа ја следи реализацијата на овие проекти, лично е вклучен и помага на сите предизвици кои што ги имаме, на прекрасниот тим на ЈПДП кои се тука заедно со директорот Коце Трајановски, секако на компанијата Бехтел и Енка, на амбасадорката на САД кои што ни даваат несебична подршка и навистина мислам дека Македонија не видела во исто време да почнат да се градат два автопати во рок од една недела. А во брзо време ќе гледаме и завршени експресни патишта и автопати и железнички решенија.

Во однос на трасата, таа се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп - Битола. Она што мислам дека е добро во делот на планирање и проектирање и да се заблагодарам на луѓето во министерството за транспорт и во ЈПДП, е што нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а исто така имаме и 5 клучки кои имаме спојување во Прилеп, во Битола и на самиот коридор”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерство за транспорт

Општина Куманово на вонредна седница носи одлука за помош на збратимениот Нови Сад

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска иницираше вонредна седница  на Совет на општина Куманово. 

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска иницираше вонредна седница на Совет на општина Куманово на која предлага да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад, поради настанатата несреќа,како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.

Градоначалникот на општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочуство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Р.Србија, соопштуваат од Општината.

притисни ентер