Вечер на Канал 5 „дуел за Македонија“ со Мицкоски и Ковачевски

Првото телевизиско соочување меѓу лидерите на двете најголеми политички партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, е од огромно значење и дава демократски печат во предизборието, оценуваат дел од експертите. 

Вечер на Канал 5 „дуел за Македонија“ со Мицкоски и Ковачевски

Во пресрет на вкрстување на аргументите на ден пред почеток на кампањата за претседателските избори, тие оценуваат дека дуелот ќе има големо влијание врз неопределените гласачи.

Во фокусот на дебатата, според Зиков и Малчевски се очекува да бидат економијата и евроинтеграциите, бидејќи токму со тие теми почнаа ветувањата кон граѓаните.

ТВ соочувањето меѓу Ковачевски и Мицкоски ќе трае повеќе од 2 часа, со еднаков простор за двајцата лидери. Досега дуели во студиото на Канал 5 меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се одржуваа во три наврати, додека Зоран Заев беше претседател на СДСМ – во 2019, 2020та и последниот во септември 2021ва.

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување атлетска трка

Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување атлетска трка

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела со почеток од 10.00 часот поради одржување атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Збирка монети од над 90 милиони евра оди на серија наддавања

Веќе легендарната збирка стари монети, наречена „Колекцијата на патникот“ оди на аукција. Вкупната нејзина вредност се проценува на повеќе од 90 милиони евра. 

Збирка монети од над 90 милиони евра оди на серија наддавања

Се верува дека ова е најскапата колекција ситни пари што некогаш била на наддавање, а ќе се продава следните три години. Така, првото наддавање на британската аукциска куќа „Нумизматика арс класика“ (Numismatica Ars Classica) ќе се одржи на 20 мај годинава.

Без оглед на исходот, приказната за потеклото на оваа вредна збирка, според познавачите, е извонредна.

Имено, голем дел од паричките биле закопани под земја повеќе од 50 години. Збирката содржи ситни пари од повеќе од 100 земји ширум светот, со старост од антиката до совремието. Наследниците претпочитаат да останат анонимни. Според соопштението на аукционерите, првичниот колекционер, кого јавноста сѐ уште не го знае со име, почнал да купува златни пари по падот на Волстрит и „Големата депресија“ во 1929 година. Човекот и неговата сопруга ги минале 1930-тите на долги патувања низ Америка и Европа, собирајќи ретки и историски значајни монети, истовремено составувајќи подробни записи и архива за нивните купувања.

Парот на крајот зел живеалиште во Европа, и покрај заканата од наци-фашизмот на Стариот Континент. Кога колекционерот, веројатно ја почувствувал опасноста непосредно, внимателно ги спакувал паричките во кутии од пури, па потоа - во алуминиумски кутии и ги закопал во земја, каде што останале скоро 50 години.

„Колекцијата ги опфаќа сите географски области и содржи исклучително ретки монети, често во состојба на зачувана невидена во ова време. Неколку видови никогаш не биле понудени на јавна аукција, што ја нагласува нивната значајна реткост“, се вели во соопштението.

Кога збирката им припаднала на наследниците на колекционерот, монетите биле сметени во банкарски трезор и потоа ѝ биле претставени на аукциската куќа заради продажба.

Записите на колекционерот му олеснија на тимот на аукциската куќа да го истражи потеклото и вредноста на монетите, од коишто некои може се појавиле и на некои од најголемите наддавања во 19. и 20 век.

- Големиот избор и врвниот квалитет на понудените монети, големиот број на големи реткости и фасцинантната приказна за создавањето на колекцијата, ќе го направат ова наддавање пресвртница во историјата на нумизматиката, изјави Артуро Русо, директор на „Нумизматика“.

Дејвид Гест, инаку консултант за колекцијата, се согласува.

- Кога се работеше за каталогизирање на британските монети од „Колекцијата на патникот“, морав постојано „да си ја штипкам кожата“, за да се уверам дека не сонувам... Не само што квалитетот е исклучителен, туку и многу од паричките пред мене беа од таков вид за коишто не беше познато дека се понудени на продажба повеќе од 80 години, а во некои случаи и целосно досега неснимени, нагласи Гест.

Меѓу позначајните е златникот од 100 дукати на Фердинанд Трети Хабсбуршки, којшто бил кован во 1629 година, кога тој бил надвојвода на Австрија, крал на Унгарија, Хрватска и Бохемија, се вели во соопштението. Составен од 348,5 грама чисто злато, тоа е еден од најголемите апоени на европски златни монети некогаш исковани.

Има и златник на чијшто раб е испишано „Георгиус III деј Грата“ (Georgius III dei Gratia). Се однеува на британскиот крал Џорџ Трети (кој владеел од 1760. до 1820 година), а паричката е проценета на 315.000 евра.

Презентиран е и „исклучително редок“ сет од пет Томани, кован во Техеран и Персија кон крајот на 18. и почетокот на 19 век од агата Мохамад Кан Каџар. Познати се само пет вакви збирки, од коишто една се наоѓа и во Оксфорд, Обединетото Кралство.

СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?

Додека Македонија се уште е во голема тага и болка поради трагедијата којашто се случи во Кочани пропагандните мегафони на ДПМНЕ шират навреди, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи.

СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?

Дури и младите девојки и момци кои легитимно бараат правда и ресет на системот се навредувани со погрдни зборови и се жртви на таа препознатлива омраза на дпмевските мегафони.

Прашањето е дали ДПМНЕ се согласува со скандалозните навреди на Миленко Неделковски?

Дали ДПМНЕ ќе се дистанцира од Миленко Неделковски и неговиот говор на омраза?

Во Македонија говорот на омраза е кривично дело казниво со закон, дефинирано во повеќе закони, така што во овој момент надлежните институции наместо да спијат треба да делуваат веднаш.

Впрочем, ваквите напади се дел од системот кој што треба да се промени. Затоа младите се на улица и затоа бараат промена којашто е непходна.

Одговор на прашање, Кристина Костова – потпретседателка

СДСМ

притисни ентер