Вашингтон најавува проширување на црната листа за корупмирани политичари на Балканот

Вашингтон најавува проширување на црната листа за корупмирани политичари на Балканот.

Габриел Ескобар претставник на Стејт департменот за западен Балкан изјави дека корупцијата е најголем проблем за регионот и корумпираните терба да се тргнат од одговорни позиции.

Според Ескобар корупцијата е закана за демократијата во регионот и мора да се направи притисок врз лидерите да ги направат потребните реформи за владеење на правото потребни за влез во ЕУ. На настан посветен на евроатланската иднина на регионот на Атланскиот совет во Вашинтон тој потврди дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица.

-Штом луѓето го знаат тоа, лидерите треба да преземат акција да ги отстранат овие луѓе од одговорни позиции. Треба да ги тргнат тие луѓе од партиските списоци. И ова важи за сите држави во регионот“, „Корупцијата е најголем проблем за регионот. Многу е јасно дека сите партии кои се најнационалистички партии во регионот се и најкорумпирани. И тоа е факт. И тоа не го кажува американската влада. Тоа се независните организации како `Транспаренси интернешнл` и некои од нашите европски граѓански организации, изјави Ескобар.

Во однос на Македонија Ескобар оцени дека земјава ги направила неопходните реформи за да ја отвори првата врата кон ЕУ, и верува дека владата ќе има капацитет да го направи потребното за да бде полноправна членка, притоа нагласува и дека процесот на пристапување треба да биде побрз.

„Има гласачи кои навистина се грижат што би направило проширувањето за нив. И мислам дека тоа е работа за сите нас да ги убедиме дека Европската Унија ќе биде посилна и ќе биде попросперитетна со овие земји“, вели Ескобар.

Неодамна и новата американска амбасадорка Агелер како нејзин врвен приоритет во државава ја посочи борбата против корупцијата вчера и евроамбасдадорот Дејвид Гир јасно порача дека ЕУ вложила многу во земјава за справување со овој проблем и очекува конкретни резултати.

Во април годинава на американската црна листа се најдоа екс премиерот Груевски и екс шефот на УБК Мијаков, но и поранешната главна обвинителка на БиХ Годрана Тадиќ и поранешниот претседател на Србија и Црна Гора Слободан Маровиќ и неколку функционери од Албанија.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Се зголемува „Европскиот фронт“ на ДУИ

Се зголемнува Европскиот фронт на Ахмети.  Денес интергративците портпишаа договор за заеднички настап на изборите и со Движење на Турците за правда и демократија. 

Уште една турска партија се приклучи на Европскиот фронт на Ахмети. Отако потпишаа договор за предизборно коалицирање со Демократска партија на Турците, денеска интегративците ја официјализираа и соработаката со Движењето на турците за правда и деморкатија, чиј лидер Сулејман Баки ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ во ИЕ3. Од ДУИ се надеват дека со неговото номинирање за првпат ќе добијат пратеник во оваа изборна едница.

Откако вчера кон фронтот на Ахмети се приклучи и крилото на Села од Алијанса за албанците, кој порача дека очекува најмалку пет пратенички места на листите, Ахемти денеска потврди и дека токму Села ќе биде носител на листата во ИЕ5, а соработката ќе ја официјализират утревечер во Гостивар.

Вчера кон Европскиот фронт се приклучи и Унијата на Ромите на Курто Дудуш, а досега кон европскиот фронт на Ахмети се приклучија и ДПА на Мендух Тачи, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи Зејд.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

притисни ентер