Вашингтон ја поздрави иницијативата на Груевски

САД ги поздравуваат сите напори за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција, вели заменикот помошник државен секретар на САД Филип Рикер, на прашањето за реакција по иницијативата на претседателот на македонската Влада Никола Груевски за средба со грчкиот колега Андонис Самарас и формирање на заеднички тимови за решавање на спорот за името.

- Согласно мојата изјава во Скопје пред неколку недели, ние ги повикуваме Македонија и Грција да го искористат предлогот на Нимиц како основа врз која може да се ангажираат во дијалог и да го разрешат ова прашање. Ги поздравуваме сите напори кон оваа цел. Нашата позиција е непроменета, изјави Рикер за МИА.

За време на својата јунска посета на Македонија, Рикер изјави дека е важно да се има дијалог, меѓу владите и во јавноста, каков што имало и меѓу Србија и Косово кои постигнаа согласност за нормализирање на меѓусебните односи и со тоа се отворија перспективите за евро-интеграциите на двете држави.

Според информациите на весникот Дневник, македонскиот премиер Груевски минатата недела упатил писмо до Самарас, во кое предлага создавање на тимови, предводени од нивна страна, кои би барале решение за спорот преку интензивни разговори со посредникот Нимиц. Претседателот на Владата на Република Македонија на Самарас му предложил и нивна меѓусебна средба, уште во текот на следната недела, за да се поттикне процесот на надминување на овој спор.

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

притисни ентер