Варвициотис:Веднаш да се свика меѓувладината седница за членство на Македонија и Албанија во ЕУ

 Европа е нашиот дом и ние сакаме тој дом да се прошири, да ги прифати сите земји од европскиот континент.

Грција смета дека веднаш треба да се свика меѓувладината седница за Македонија и Албанија за почеток на преговори за нивно членство во Европската унија и оти чекорите што Унијата треба да ги преземе во оваа насока треба да бидат брзи и одлучни.

– Европа е нашиот дом и ние сакаме тој дом да се прошири, да ги прифати сите земји од европскиот континент и на тој начин да се воспостави една географска целина и заокружување, а со тоа земјите од Западен Балкан да се приклучат кон заедницата, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, по средбата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Европската перспектива на Западен Балкан, нагласи, е национална политика која Грција ја спроведува скоро две децении.

-Сметаме дека чекорите за оваа насока од страна на Европа треба да бидат брзи и одлучни. Затоа ги поздравуваме и затоплувањата во однос на проширувањето објавени на Самитот во Брдо и за тоа се насочуваме. Сметаме дека треба веднаш да се свика меѓувладината седница за двете земји, Албанија и Македонија, така што, да се расчистат позициите за следните чекори во преговорите и со евентуалните забрзувања на проширувањето како за Србија, така и за Црна Гора, рече Варвициотис.

Но, вниманието во регионот, потенцира, не треба да се намали во никој случај, независно од прашањето за меѓувладината седница, кој веднаш и брзо треба да биде свикана.

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи истакна дека во разговорите со Димитров биле разгледани можностите како Грција ќе даде техничко знаење за процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

-Подготвени сме да учествуваме во сите аспекти на европската политика, но подготвени сме и да ја зајакнеме и нашата економска соработка во духот на пријателството и меѓусебното разбирање и добрососедските односи. Добрососедските односи сигурно се потпираат на довербата и правилното спроведување на Договорот од Преспа, рече Варвициотис.

Димитров ја оцени средбата со грчкиот алтернативен министер за надворешни работи како отворена, срдечна и пријателска, и како средба што доликува на новото поглавје на односите меѓу Грција и Македонија по потпишувањето на Преспанскиот договор.

-Разговаравме пред се за европската иднина на Балканот. Оваа посета за мене меѓу другото е сигнал за грчката поддршка. Таа ја гледаме и во Брисел, ја видовме на Самитот во Брдо, ја гледаме и во јавни изјави на премиерот Мицотакис, вашите изјави… Разговаравме и за Меморандумот за разбирање што веќе го имаме со Грција, за забрзување на евроинтегративните процеси за Република Македонија, за тоа како да имаме поголема соработка меѓу нашите и нивните институции во оваа смисла, рече вицепремиерот Димитров.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, денеска и утре, на покана на Димитров престојува во работната посета на земјава. Предвидено е тој да се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер