Вартоломеј : Враќањето на Аја Софија во џамија ќе значи раскол на двата света

Враќањето на истанбулската „Аја Софија“ во џамијата би предизвикало раскол, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј, пред турскиот суд да ја донесе одлука за историскиот објект, што е музеј од 1934 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи враќање на Аја Софија во џамија. Ова поранешно христијанско светилиште , кое се наоѓало во срцето на христијанското Византиско и муслиманското Османлиско Царство, денес е еден од најпосетуваните споменици во Турција.

На 2 јули судот ќе одлучи да го оспори сегашниот статус, со кој се утврдува законитоста поради претворањето на Аја Софија во музеј во 1934 година во првите години на модерната секуларна турска држава, основана од Мустафа Кемал Ататурк, пренесува Ројтерс.

„Претворањето на Аја Софија во џамија ќе разочара милиони христијани низ целиот свет“, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовниот водач на околу 300 милиони православни христијани ширум светот.

Промената на статусот „ќе ги разбие овие два света“ во време кога на човештвото му треба единство, повеќе од кога и да било заради пандемијата на „ковид-19“, рече Вартоломеј.

Сепак, разни групи се залагаат со години да ја претворат Аја Софија во џамија, а Ердоган, кој важи за побожен муслиман, го поддржа нивниот повик пред минатогодишните локални избори, потсетува агенцијата.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

(20.41 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 50% : Силјановска 196342 , Пендаровски 92575 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 50 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 100.000 гласови пред Пендаровски

притисни ентер